Обнова на теренот на градскиот стадион и поставување рефлектори предвидува договорот што го потпишаа Фудбалската федерација на Македонија и општина Тетово. Со ова се отвора можноста по 30 години да се реконструира овој спортски објект.
-
Македонија 12.03.2015 10:36
-
Македонија 12.03.2015 09:08
МРТ и БАККО ќе потпишат договор за реемитување
Македонската радио телевизија станува дел од понудата на бугарските кабелски оператори. Во Софија националниот јавен сервис ќе потпише договор со Бугарската агенција за кабелски и комуникациски оператори (БАККО) за реемитување на програмата.
-
Македонија 11.03.2015 17:27
Хан: Македонија нема време за губење
Синоќа за време на дебатата во Европскиот парлемент, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, рече дека македонските политичари немаат време за губење. Го коментираше случајот „Пуч“.
-
Македонија 11.03.2015 17:23
Децата без родители против политички интриги
„Не сум имал притисок од никого, само се оствари мојот 10 годишен сон, конечно да сум на свои нозе“, вели за МТВ Драган Костовски, кој на 14 години останал без родителска грижа. Раскажува за својот живот во кој постојано недостасувала родителската поддршка. Студиите ги завршил со просек 9.
-
Македонија 11.03.2015 17:16
Мехмети: Преодна влада- премиер Албанец
Можно ли е опозицискиот СДСМ да подготвува сценарио за преземање на власта без избори преку формирање ново парламентарно мнозинство со партиите од албанскиот политички блок? Од Соединетите Американски Држави се огласи пратеничката од ДУИ Ермира Мехмети.
-
Македонија 11.03.2015 17:11
Аналитичари: Нема екслозии од бомбите на Заев
„Бомбата на Заев е не експлозивна, а трибината повеќе наликувала на партиски митинг со најтврдокорните членови“- ова се првичните коментари на аналитичарите по објавувањето на прислушувани материјали во Универзална сала.
-
Македонија 11.03.2015 17:05
Македонија е важен партнер за Алијансата!
Членството на Република Македонија во НАТО останува во интерес на Алијансата и претставува цврста определба на македонската Влада. Ова се основните теми кои беа во фокусот на денешата прва работна средба на премиерот Никола Груевски со новиот Генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
-
Македонија 11.03.2015 16:53
Законот за вработување лица со инвалидност ќе го подобри животот на оваа категорија луѓе
Носењто на законот кој е во фаза на подготовка треба конечно да ги сруши бариерите на јавното мислење дека оваа категорија на луѓе се неспособни за работа, вели Христина Проскоска, која боледува од мултиплекс склероза.
-
Македонија 11.03.2015 16:19
Детален преглед на медицинските материјали преку нов ситем за материјално работење
Точно ќе се знае кај кој пациент е употребена одредена ампула, лек, инфузија, игла, завој. Со тоа ќе се има детален увид во потрошените медицински материјали во установите преку ситемот за материјално работење дел од проектот „Мој Термин“.
-
Македонија 11.03.2015 15:39
Се бара нов инвеститор за Џумајлија
Се бара нов инвеститор за плодните ниви на Џумајлија. Министерството за земјоделство ќе објави повик за закуп на земјоделско земјиште од над 4.400 хектари.
Компаниите треба да достават бизнис план со износ за вкупните инвестиции и опис на технологиите и планиран број на вработени.










