Македoнскиот ракометен вицепрвак Вардар го прегази во Германија бундеслигашот Рајн Некар Левен со седум гола разлика, 35-28 во последното 10-то коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Спорт
-
Ракомет 21.02.2015 23:24
-
Кошарка 21.02.2015 18:41
Атланта потклекна пред Торонто
Во НБА лигата, Атланта убедливо го загуби источното дерби со Торонто. Во првиот дуел по паузата поради викендот на сите ѕвезди, Хоукс загубија на свој паркет со 105-80. За девет минути на теренот, Перо Антиќ постигна пет поени и оствари два скока.
-
Останати спортови 21.02.2015 17:31
Фенингер триумфално на Похорје
Австриско славје имаше денеска и на женскиот велеслалом во словенечки Марибор. На првиот ден од 51. „Златна лисица“ на Похорје, како и на недоманешниот мундијал во Бивер Крик, победи Ана Фенингер, пред Германката Викторија Ребензбург.
-
Останати спортови 21.02.2015 17:30
Тројно австриско славје – најбрз Мајер !
Австриските алпски скијачи се извадија за неуспешните настапи на неодамнешното светско првенство во Бивер Крик и на првиот натпревар од Светскиот Куп веднаш по него, денешниот спуст во Залбах на домашен снег, забележаа тројна победа.
-
Ракомет 21.02.2015 17:26
Вардар против Рајн Некар, во директен дуел за второто место
Ракометарите на Вардар се пред првиот вистински испит на зрелоста во годинашнава сезона од Лигата на шампионите. Сакаат ли како второпласирани во групата да минат во осминафиналето, не смеат вечер да загубат на гостувањето кај бундеслигашот Рајн Некар Левен.
-
Фудбал 20.02.2015 14:59
Наполи, Евертон и Бриж веќе осминафиналисти
Хит на првите 1/16-финални средби во Лига Европа беше „убавицата“ во Глазгов. Фановите на Селтик се држеа за глава кога по 13 минути Интер воеќе водеше со 2-0 со головите на Шакири и на Паласио. Сепак, до 26-та веќе беше 2-2, откако погоди прво Армстронг, а потоа во својата межа и Кампањаро.
-
Кошарка 20.02.2015 14:47
Вестбрук ја носи Оклахома во плеј - офот!
Инспириран од признанието МВП на НБА „Ол стар“ натпреварот, Расел Вестбрук блескаше во победата на Оклахома против Далас со 104:89. Со 34 поени и 10 асистенции, Вестбрук беше најзаслужен што ланскиот конфернциски финалист конечно влезе во плеј - оф зоната.
-
Останати спортови 19.02.2015 21:47
Далеку од елитата
Тројца наши нордијци настапија во квалификациските спринт трки на Светското првенство во нордиско скијање што се одржува во шведски Фалун. Очекувано во силната и масовна конкуренција ниту еден не успеа да финишира меѓу првите 30 што обезбедуваа настап на главните трки. -
Фудбал 19.02.2015 12:47
Тотенхем-Фиорентина во пренос на МРТ-1
Со 1/16-финалниот дуел против Фироентина, Тотенхем влегува во жесток ритам од шест меча во само 17 дена, вклучувајќи го и реваншот во Италија и финалето на Лига Купот против Челзи.
-
Фудбал 18.02.2015 13:58
Реал и Порто фаворити и на гостински терен!
Кога, Реал Мадрид ја освојуваше десетата рекордна титула во елитното натпреварување, триумфално се прошета низ Гелзенкирехен со 6:1, но без разлика што сите елементи се повторно на негова страна, овој осминафинален двомеч не би смеело да на ликува на минатаогодишниот.









