Никој од четворицата наши скијачи преку квалификациите не успеа да се пласира на утрешниот велеслалом на Светското првенство во американски Бивер Крик. Антонио Ристевски е најдобропласиран со 36-то време. Дваесетипетмина обезбедија директен пласман на главните трки.
Спорт
-
Останати спортови 13.02.2015 09:32
-
Останати спортови 12.02.2015 16:49
Велеслаломски предизвик за македонските скијачи!
Четворица македонски скијачи преку квалификациите ќе се обидат да бидат дел од утрешниот велеслалом на Светското првенство во американски Бивер крик.
-
Ракомет 12.02.2015 16:47
Кире „барселониста“!
Најдобрите знаат да го вреднуваат квалитетот, 34 – годишниот Кире Лазаров и Барселона го продолжија договорот на уште две сезони. Македонскиот ракометен капитен го живее сонот и ќе се обиде до 2017-та со каталонскиот гигант да ја оствари големата желба, да биде шампион на Европа..
-
Фудбал 12.02.2015 16:43
Пандев назад во Италија!
По само една сезона во турски Галатасарај, Горан Пандев од наредната ќе се врати во Калчолигата. По Лацио, Интер и Наполи, Пандев во следните две сезони најверојатно ќе игра за Џенова, објавиа италијанските медиуми.
-
Фудбал 12.02.2015 15:15
Пад за три позиции!
Во однос на јануарското рангирање, нашиот национален состав падна за три позиции на листата на ФИФА и сега е 104-ти во светот. На претходното место на Македонија, 101-то, се наоѓа Белорусија, која ќе ни гостува на 27-ми март во квалификациите за Европското првенство во Франција.
-
Кошарка 12.02.2015 12:23
Нов пораз на Атланта
Перо Антиќ и Атланта паднаа со првото водство на Бостон. Нашиот интернационалец постигна само 1 поен за 11 минути игра, а последниот збор на мечот го имаше Еван Тарнер на 2 десетинки до крајот, за конечните 89:88. -
Останати спортови 11.02.2015 14:07
Австрија пак со екипно злато
Селекцијата на Австрија го одбрани златото од пред две години, триумфирајќи и во екипното натпреварување на Светското алпско скијачко Првенство во американски Бивер Крик. Во 12-те нокаут-трки во паралел-слалом Австријците забележаа осум победи.
-
Кошарка 11.02.2015 10:05
Нова маестрална партија на Харден
Хјустон славеше кај Феникс со 127:118, во мечот во кој што Рокетс постигнаа најмногу поени во досегашниот дел од НБА првенството. Најдобриот стрелец во лигата, ги постигна половината од своите, во последниот период. -
Ракомет 10.02.2015 21:52
Робертина Мечевска е на операција, се бори за живот
Застрашувачка вест ги потресе вечерва спортските кругови кај нас. Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска е во критична здравствена состојба, откако доживеала потешки повреди при падот од петти спрат на зградата во којашто живее во скопски Аеродром.
-
Кошарка 10.02.2015 21:50









