Додека Европа влегуваше во новата година, НБА кошаркарите „одработуваа празнично“. Дурент се врати, постигна 44 поени, а Оклахома го совлада Феникс по продолжение со 137:134.
Спорт
-
Кошарка 01.01.2015 20:08
-
Останати спортови 01.01.2015 20:06
Етиопска доминација во Сао Паоло!
90 години спортски синоним за новогодишната ноќ е трката во Сао Паоло. На 15-те километри низ улиците на бразилскиот мегалополис, овојпат најбрзи беа атлетичарите од Етиопија.
-
Фудбал 31.12.2014 14:52
Ристовски повторно на релација Парма-Латина
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски многу веројатно од јануари ќе биде вратен во екипата на италијанскиот второлигаш Латина.
-
Фудбал 31.12.2014 14:31
Пандев најверојатно останува во Турција
Откако пропадна трансферот во Џенова на Горан Пандев му останува да реши уште на стартот на зимскиот преоден рок и на Новата 2015-та, каде ќе ја продолжи кариерата.
-
Кошарка 31.12.2014 13:26
Антиќ стартер, Атланта победи!
Делот од актуелната сезона во 2014-та, Атланта го одигра одлично, па екипата на Перо Антиќ како втора во Источната НБА конференција ќе влезе во новата 2015-та година. Хоукс славеа против Кливленд со 109:101.
-
Фудбал 30.12.2014 15:16
Ништо од трансферот на Пандев во Џенова
Горан Пандев останува во Галатасарај а Торино е повторно во пол позиција во трката за македонскиот интернационалец. Трансферот на македонскиот ас е стопиран поради бирократски проблеми.
-
Фудбал 30.12.2014 12:57
Барселона со забрана за трансфери до 2016
Барселона нема да смее да купува играчи во текот на целата 2015, во јануарскиот и подоцна во летниот преоден рок, откако Судот за Спортска Арбитража во Лозана ја одби нејзината жалба по забраната за нови трансфери којашто пред неколку месеци ја доби од ФИФА.
-
Кошарка 30.12.2014 12:44
Чикаго повторно е во победнички ритам!
Чикаго е единствената екипа на којашто не и беа потребни минимум сто поени за победа во шесте НБА натпревари. Седмиот триумф во серија, Булс го остварија на гости против Индијана со 92:90.
-
Останати спортови 30.12.2014 12:43
Крафт со дебитантска победа во Оберстдорф
Откако вo неделата временските услови не дозволија, 63.издание на традиционалната новогодишна турнеја во скијачки скокови „Четири скокалници“ почна синоќа со драматичен натпревар во германски Оберстдорф, на којшто доминантен беше новиот бран австриски скокачи.
-
Останати спортови 29.12.2014 16:13
Пандев со најдобри резултати во годината кога АФМ беше првпат домаќин на Европски куп
Спринтерот Ристе Пандев и годинава има најдобри остварувања меѓу македонските атлетичари.










