Три години откако беше избран за најдобар спортист на македонија, кошаркарот Перо Антиќ е дел од најсилната лига во светот, НБА. Неговата Атлатнта по пет победи, неочекувано дома загуби и тоа убедливо од Милвоки со 107:77.
Спорт
-
Кошарка 28.12.2014 00:08
-
Кошарка 27.12.2014 14:18
МЗТ Скопје по победа во Задар
Триумфот над Мега Лекс ја подигна атмосферата, петтата победа сезонава во АБА ја врати сласта од учеството на МЗТ Скопје во ова натпреварување. Почна новиот круг со старите противници, но двете добри партии во серија ги разбудија новите победнички очекувања.
-
Кошарка 26.12.2014 12:26
Кралот се врати на местото на успехот и загуби!
Вистинско божикно задоволство за НБА мераклиите. Пет натпревари, специјално избрани во нив да учествуваат и дел од најголемите ѕвезди. На враќањето во Мајами со кој освои две титули, Леброн Џејмс и Кливленд загубија со 101:91.
-
Кошарка 25.12.2014 23:41
МЗТ Скопје и се реваншира на екипата на Мега Лекс
Во последниот натпрвар од 14 АБА лигашко коло, екипата на МЗТ Скопје Аеродром славеше над Мега Лекс со 84 : 79 со што му се реваншира на српскиот клуб за поразот на стартот на сезоната. Натпреварот почна отворено во брзо темпо, при што македонскиот претставник
-
Ракомет 25.12.2014 20:36
Ракометарите во посета на СОС детското село
Со пригодни подароци и незаборавно дружење со најмладите ,дел од нашите ракометни репрезентативци денеска го посетија СОС детското село во Скопје.
-
Кошарка 25.12.2014 14:07
Победа над Мега Лекс е императив за МЗТ Скопје
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром затвораат уште едно АБА лигашко коло. По претходното против Црвена Звезда, вечерва ја дочекуваат екипата на Мега Лекс во последниот дуел од 14 коло, кое е прво од вториот круг.
-
Ракомет 24.12.2014 20:14
Четврти ден операција Катар 2015
Минува четвртиот ден од подготовките на најдобрите македонски ракометари за четвртиот мундијалски предизвик Катар 2015.
Во новата база, спортскиот комплекс Јане Сандански, избраниците на Ивица Обрван работат два пати дневно.
-
Кошарка 24.12.2014 19:51
Крис Ворен во Карпош Соколи
Периодот кога кошаркарските екипи се засилуваат за продолжението на сезоната го користи и Карпош Соколи. Во обид да оствари посакуван резултат во домашните натпреварувања, клубот потпиша договор со Крис Ворен.
-
Кошарка 24.12.2014 15:58
Црвена Звезда триумфално и низ Софија!
Најдобрата екипа во АБА конкуренцијата не можеше ниту во најсензационална варијанта да загуби од насјлабата, Црвена Звезда е за класи подобра од Левски и затоа славеше како гостин со 99:58.
-
Останати спортови 24.12.2014 13:40
ВАДА ќе тестира три илјади спортисти
Комисија на Светската антидопинг агенција (ВАДА) деновиве ја посетила Москва и зела на тестирање околу 3.000 примероци од крв и урина од спортисти во Русија.









