• Свет 24.07.2022 10:10

    Макрон: Можен договор за иранската нуклеарна програма

    Францускиот претседател Макрон смета дека „сè уште е можно“ рестартирање на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, под услов интервенцијата да се направи што е можно поскоро, соопшти Елисејската палата по разговорот меѓу Макрон и неговиот ирански колега Раиси.

  • Свет 24.07.2022 10:08

    Остри предупредувања за посетата на Пелоси на Тајван

    Кина упати серија остри предупредувања до администрацијата на Бајден поради можната посета на претседателката на претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван во август.

  • Свет 24.07.2022 10:07

    Зеленски: Украинската армија напредува кон Херсон

    Украинските сили постепено напредуваат кон областа Херсон, која беше окупирана од Русија на почетокот на инвазијата на Украина, рече претседателот Зеленски. Руската армија, која го започна својот напад од Крим, ја зазеде областа на почетокот на март.

  • Свет 23.07.2022 19:12

    СЗО ги прогласи мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба

    Проценка на СЗО е дека ризикот на глобално ниво од мајмунските сипаници е умерен, освен во европскиот регион каде што ризикот е висок. Има опасност од натамошно ширење, иако ризикот поврзан со мешањето поради меѓународниот сообраќај е низок во моментов.

  • Свет 23.07.2022 12:40

    Тричлено семејство убиено во Ајова

    Тричлено семејство било убиено додека кампувало во државен парк во источна Ајова. Осомничениот напаѓач извршил самоубиство.

    Полицијата одговорила на извештаите за пукање во кампот во државниот парк Макукета Кејвс по што ги пронашла жртвите.

  • Свет 23.07.2022 12:33

    Русија продолжува со воени дејствија во Украина

    Украинските сили успешно ги одбиваат руските напади врз електраната Вухлехирск, а Москва ги гранатира градовите Краматорск и Сиверск, соопшти британското воено разузнавање. Киев оцени дека за прв пат стекнал „значаен потенцијал“ да ги унапреди своите сили на бојното поле.

  • Свет 23.07.2022 09:59

    Северна Кореја се подготвува да тестира нуклеарно оружје

    Јужна Кореја смета дека Северна Кореја е подготвена да изврши тестирање на нуклеарно оружје во кој било момент. Оттаму соопштуваат дека Пјонгјанг ги завршил нуклеарните подготовки и се очекува да изврши нуклеарна проба во текот на месецот.

  • Свет 23.07.2022 09:50

    Први случаи на Мајмунски сипаници кај деца

    Во САД потврдени првите случаи на зараза со Мајмунски сипаници кај деца. Заразено е дете во Калифорнија и доенче коешто не е американски државјанин.

  • Свет 23.07.2022 09:40

    Војската ги одбива руските напади

    Украинските сили успешно ги одбиваат руските напади врз електраната Вухлехирск, а Москва ги гранатира градовите Краматорск и Сиверск, соопшти британското воено разузнавање.

  • Свет 22.07.2022 12:22

    Пожари и високи температури пустошат низ Европа

    Немилосрдниот топлотен бран пустоши на стариот континент. Живата во термометарот соборува рекорди. По Франција, во делови на Белгија издадено црвено предупредување. Портокалов аларм прогласен во 10 региони во западна Романија.

Pages