СЗО повторно размислува за прогласување на Мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба по состанокот на Комисијата за итни случаи.
-
Свет 22.07.2022 09:32
-
Свет 22.07.2022 09:31
Десетици загинати во полициска рација
Најмалку 18 лица загинаа во бразилскиот град Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација против организирани криминални групи, осомничени за кражби и грабежи на банки, како и за планирање напади врз сиромашни квартови.
-
Свет 22.07.2022 09:30
По три месеци демонстрантите растерани
По повеќе од три месеци, безбедносните сили на Шри Ланка уапсија неколку лица отстранувајќи ги шаторите пред претседателската палата кои демонстрантите ги поставија барајќи оставка од властите поради економски колапс.
-
Свет 22.07.2022 09:30
Договор за извоз на украинското жито
Украина, Русија, Турција и ООН во Истанбул се очекува да потпишат договор за обновување на извозот на жито од Црното море од Украина-соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Стејт департментот ја поздрави најавата на Турција.
-
Свет 21.07.2022 18:31
Бајден позитивен на Ковид-19
Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид-19, потврди денеска Белата куќа.
Бајден ќе се изолира во Белата куќа и ќе продолжи да ги извршува своитe должности.
-
Свет 21.07.2022 13:17
Заеднички разговори на Турција, Финска и Шведска
Официјални лица од Турција, Финска и Шведска на заедничка средба ќе го оценуваат предлогот постигнат во исполнувањето на антитерористичките барања на Анкара од нордиските земји да го укинат ветото на нивната кандидатура за членство во НАТО, соопшти турскиот министер за надворешни Чавушоглу.
-
Свет 21.07.2022 13:09
Пожари беснеат во делови од Европа
Огнената стихија во делови од Европа не стивнува. Над илјада пожарникари се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици на границата меѓу Италија и Словенија. Загрозени се неколку населени места каде што се врши евакуација на населението.
-
Свет 21.07.2022 13:04
Италијанскиот премиер Марио Драги поднесе оставка
Италијанскиот премиер Марио Драги ја потврди оставка откако не успеа да ја обедини коалицијата. Тој веќе му соопшти на претседателот Матарела дека се повлекува откако три партии од неговата Влада одбија да му дадат поддршка.
-
Свет 21.07.2022 12:50
Продолжува испораката на руски гас преку „Северен тек“
Европа може барам малку да здивне. По 10-дневното исклучување поради редовното годишно одржување, рускиот гас денеска продолжи да тече низ најголемиот гасовод меѓу Русија и Германија.
-
Свет 21.07.2022 10:01
СЗО: Ќе расте бројот на смртни случаи
Светската здравствена организација укажа на зголемен број заразени со Ковид-19 и предупреди дека во наредните недели може да има зголемување на бројот на хоспитализирани и смртни случаи.










