Огнената стихија во делови од Европа не стивнува. Над илјада пожарникари се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици на границата меѓу Италија и Словенија. Загрозени се неколку населени места каде што се врши евакуација на населението.
-
Свет 21.07.2022 13:09
-
Свет 21.07.2022 13:04
Италијанскиот премиер Марио Драги поднесе оставка
Италијанскиот премиер Марио Драги ја потврди оставка откако не успеа да ја обедини коалицијата. Тој веќе му соопшти на претседателот Матарела дека се повлекува откако три партии од неговата Влада одбија да му дадат поддршка.
-
Свет 21.07.2022 12:50
Продолжува испораката на руски гас преку „Северен тек“
Европа може барам малку да здивне. По 10-дневното исклучување поради редовното годишно одржување, рускиот гас денеска продолжи да тече низ најголемиот гасовод меѓу Русија и Германија.
-
Свет 21.07.2022 10:01
СЗО: Ќе расте бројот на смртни случаи
Светската здравствена организација укажа на зголемен број заразени со Ковид-19 и предупреди дека во наредните недели може да има зголемување на бројот на хоспитализирани и смртни случаи.
-
Свет 21.07.2022 10:00
Над 500 жртви на топлотниот бран
Над 500 смртни случаи во Шпанија, поврзани со топлотниот бран што ја зафати западна Европа кој донесе разорни пожари и рекордно високи температури.
-
Свет 21.07.2022 10:00
Марио Драги денес поднесува оставка
Италијанскиот премиер Марио Драги денеска поднесува оставка откако вчерашното гласање доверба на неговата Влада беше бојкотирано од сенаторите на три партии од неговата коалиција Форца Италија, десничарската партија предводена од поранешниот премиер Берлускони, тогаш екстремно десничарската лига,
-
Свет 21.07.2022 10:00
Рускиот гас повторно тече кон Европа
Гаспром ќе испорача околу 50 насто од договорените количини на гас во четврток, ниво пред гасоводот да биде затворен заради ремонт.
Рускиот гас денеска продолжи да тече низ најголемиот гасовод меѓу Русија и Германија по 10-дневно исклучување поради редовното годишно одржување.
-
Свет 20.07.2022 13:55
Драги побара единство од владините партнери за да остане на функцијата
Италијанскиот премиер Марио Драги ја повлече оставката и повика на формирање нов пакт за спас на Владата.
Шест дена откако претседателот Матарела му ја одби оставката, Драги изјави дека е невозможно да се игнорира повикот на многумина италијанци за спас на коалицијата.
-
Свет 20.07.2022 12:15
Путин: Украина нема желба за преговори
Украина нема желба за продолжување на мировните преговори и одбива да ги почитува договорите што се постигнати за време на разговорите во Турција во март, вели рускиот претседател Путин.
-
Свет 20.07.2022 11:51
Ранил Викремесинге е избран за нов претседател на Шри Ланка
Пратениците од Шри Ланка го избраа премиерот Ранил Викремесинге за нов претседател и покрај тоа што беше непопуларен во јавноста.










