• Свет 26.07.2022 09:46

    САД: Можна вонредна состојба поради мајмунски сипаници

    Американските власти размислуваат за прогласување вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници, откако минатата недела за прв пат во земјата беа откриени две заразени деца.

  • Свет 26.07.2022 09:38

    Украина: Житото ќе се испорача до крајот на неделава

    Украинските пратки со жито ќе бидат подготвени за извоз во рок од неколку дена според договорот поддржан од ООН, откако рускиот напад на пристаништето Одеса фрли сомнеж дека Москва ќе го испочитува договорот.

  • Свет 25.07.2022 14:20

    Лавров: Русија има цел да ја собори украинската влада

    Војната во Украина влезе во шестиот месец. Нови напади врз источните региони Доњецк и Храков. Погодена цивилна зграда во Миколаев. Украинската армија тврди дека следен на рускиот удар е регионот Харков.

  • Свет 25.07.2022 12:39

    Први егзекуции во Мјанмар по неколку децении

    Воените власти на Мјанмар егзекутираа четворица продемократски активисти обвинети за помагање и поттикнување „терористички акти“.

    Тоа се први смртни казни извршени во Мјанмар по неколку децении. Претходните егзекуции во Мјанмар биле вршени со бесење.

  • Свет 25.07.2022 11:45

    ЕУ ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници

    Данската биотехнолошка компанија „Баваријан нордик“ објави дека Европската комисија дала одобрение нејзината вакцина „Имванекс“ да се продава како заштита од мајмунски сипаници, како што беше препорачано од Европската агенција за лекови минатата недела.

  • Свет 25.07.2022 10:04

    Десетици евакуирани поради ерупција на вулкан

    Ерупција на вулкан со огромни количества чад, пепел и камења, принуди на евакуација десетици жители од два града на јужниот јапонски остров Кјушју.

  • Свет 25.07.2022 09:53

    Евакуирани 6.000 луѓе поради пожар во Јосемити

    Дел од Калифорнија е во вонредна состојба поради големиот шумски пожар што се шири низ националниот парк Јосемити и кој предизвика евакуација на повеќе од 6.000 луѓе. Уништени се повеќе домови. Вонредната состојба, која е прогласена во округот Марипоса.

  • Свет 25.07.2022 09:42

    Се подготвува транспортот на жито

    Украинските пристаништа почнаа подготовки за договорениот извоз на жито. Рускиот министер за надворешни работи лавров во Египет вети сигурно доаѓање на ветеното жито. Русија се обврза дека нема да ги напаѓа ниту бродовите, ни пак пристаништата.

  • Свет 24.07.2022 19:17

    Еруптираше вулканот Сакураџима во Јапонија

    Вулканот Сакураџима на големиот западно јапонски остров Кјушу еруптираше во неделата вечерта по локално време, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), а медиумите јавуваат дека засега нема извештаи за штети.

  • Свет 24.07.2022 16:21

    Речиси 2.000 лица починаа од топлотниот бран што ја зафати Европа

    Топлотниот бран во Европа однесе речиси 2.000 животи. Според податоците над 1.700 луѓе починале во Португалија и Шпанија. Граѓаните вознемирени, горештината никако да попушти.

Pages