Бугарските транспортни работници и компании на протест, незадоволни се од платите и зголемените цени на горивата.
Сообраќајните блокади предизвикаа хаос во Софија, но и на влезните точки главниот град.
Бугарските транспортни работници и компании на протест, незадоволни се од платите и зголемените цени на горивата.
Сообраќајните блокади предизвикаа хаос во Софија, но и на влезните точки главниот град.
Во 70 средни и основни училишта во Белград организирана онлајн настава поради дојави за поставени бомби.
Денеска поради иста закана повторно беа евакуирани наставници и ученици во неколку образовни објекти.
По проверките не се пронајдени експлозивни уреди.
Шведска и Финска официјално ги поднесоа кандидатурите за членство во НАТО. Се очекува процесот на пристапување да трае неколку недели.
Украинскиот претседател Зеленски рече дека Русија истрелува проектили со долг дострел врз цивилната и воената инфраструктура на земјата, бидејќи нејзината војска не може да покаже никакви позначителни достигнувања на терен.
Шведскиот и финскиот амбасадор официјално ги доставија своите апликации за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тоа се случи во седиштето на НАТО, а официјалниот одговор се очекува за неколку недели.
Стапката на невработеност во Велика Британија на почетокот на годината е најниска од 1974 година, но платите и понатаму заостануваат зад растечката инфлација, покажуваат официјалните податоци на соопшти Канцеларијата за национална статистика (ОНС).
Вооружени судири во Триполи откако новиот Премиер Фати Башанга се обиде да ја преземе власта. Медиумите известија за борби меѓу ривалските милиции.
САД најавуваат ублажување на низа мерки воведени против Куба. Според Стејт департментот олеснување на процедурите ќе има при имиграција, трансферот на пари и воздушните врски. Се зголемува и бројот на летови меѓу двете земји.
173 од 258 основни, стручни и средни училишта во Белград добиле закани за бомби, велат од српското Министерство за образование. Продолжува наставата во училиштата што полицијата веќе ги има пребарано.
Шведската министерка за надворешни работи, Ен Линде ја потпиша апликацијата за влез во НАТО. Претходно Норвешка, Данска и Исланд ветија помош за Финска и Шведска доколку бидат нападнати во текот на процесот на пристапување во Алијансата.