Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и со уште неколку држави, за да се отвори украинскиот извоз и да се избегне недостиг од храна во светот.
-
Свет 17.05.2022 13:58
-
Свет 17.05.2022 12:21
Шведска упати барање, Финска дебатира за влез во НАТО
Шведската министерка за надворешни работи, Ен Линде ја потпиша апликацијата за НАТО во Министерството за надворешни работи во Стокхолм. Претходно Норвешка, Данска и Исланд ветија помош за Финска и Шведска доколку земјите бидат нападнати во текот на процесот на пристапување во НАТО.
-
Свет 17.05.2022 12:07
Парламентот на Финска одлучува за пријавата во НАТО
Парламентот на Финска денеска ќе гласа за пријавата на земјата за членство во НАТО.
Одборот за надворешни работи едногласно ја поддржа пријавата, оценувајќи дека Финска мора да биде членка на Северноатлантската алијанса.
-
Свет 17.05.2022 11:18
Шведска потпиша барање за влез во НАТО
Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО.
-
Свет 17.05.2022 10:11
264 украински борци евакуирани од „Азовстал“
Заврши голготата на украинските борци кои неколку месеци се наоѓаа во подземните тунели на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол. Над 260 луѓе, од кои 53-ца тешко ранети се евакуирани по преговорите.
-
Свет 17.05.2022 09:54
Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи на треска
Северна Кореја пријави уште 269.510 случаи со симптоми на треска и шест смртни случаи во време кога земјата се соочува со ширење на епидемија до недијагностициран Ковид-19.
-
Свет 16.05.2022 21:44
Ирак го зафати песочна бура
Ирак беше погоден од неколку песочни бури поради што стотици граѓани завршија во болница, а воздушниот сообраќај беше запрен.
-
Свет 16.05.2022 20:21
По Финска, и Шведска со одлука да влезе во НАТО
Проширувањето на НАТО е вештачки создаден проблем во надворешнополитичките интереси на САД – тврди рускиот претседател Путин. По Финска, одлука за влез во воениот сојуз и во Шведска.
-
Свет 16.05.2022 15:01
Хамас против израелскиот план за проширување на еврејските населби
Палестинското движење Хамас повика на отпор кон израелските планови за изградба на повеќе од 4 илјади станбени единици на Западниот брег.
Проектот го сметаат за нов напад врз палестинскиот народ и потврда за, како што велат, „расистичката и колонијалната природа на Израел“.
-
Свет 16.05.2022 13:27
Во Србија повторно дојави за подметнати бомби
Над 100 училишта во Белград добиле дојава за подметната бомба, соопшти српското Министерство за образование.
По темелните проверки не биле најдени експлозивни уреди.










