Проширувањето на НАТО е вештачки создаден проблем во надворешнополитичките интереси на САД – тврди рускиот претседател Путин. По Финска, одлука за влез во воениот сојуз и во Шведска.
-
Свет 16.05.2022 20:21
-
Свет 16.05.2022 15:01
Хамас против израелскиот план за проширување на еврејските населби
Палестинското движење Хамас повика на отпор кон израелските планови за изградба на повеќе од 4 илјади станбени единици на Западниот брег.
Проектот го сметаат за нов напад врз палестинскиот народ и потврда за, како што велат, „расистичката и колонијалната природа на Израел“.
-
Свет 16.05.2022 13:27
Во Србија повторно дојави за подметнати бомби
Над 100 училишта во Белград добиле дојава за подметната бомба, соопшти српското Министерство за образование.
По темелните проверки не биле најдени експлозивни уреди.
-
Свет 16.05.2022 13:11
Зеленски: Окупаторите се во ќорсокак, но не сакаат да признаат
Украина се подготвува за нов руски напад во Донбас, а Киев тврди дека контранападот на нејзината војска околу Харков е успешен. Контролата на Донбас стана една од примарните цели на Москва. Според западот руските воени напади ќе престанат поради големите загуби и жестокиот отпор.
-
Свет 16.05.2022 09:51
Подготовки за руски напад на Донбас
Украина се подготвува за нов руски напад во Донбас, а Киев тврди дека контранападот на нејзината војска околу Харков е успешен. Контролата на Донбас стана една од примарните цели на Москва. Според западот руските воени напади ќе престанат поради големите загуби и жестокиот отпор.
-
Свет 16.05.2022 09:27
Најмалку три жртви во два одделни вооружени напади во САД
Најмалку едно лице е убиено, а четири се ранети во пукање во црква во лагуна Вудс во Калифорнија, објавија од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ.
Приведено е едно лице и е пронајдено оружје коешто можеби било користено во нападот.
-
Свет 16.05.2022 09:07
Над милион случаи и 50 починати на Ковид-19 во Северна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг, во борбата против првото потврдено избивање на вирусот во земјата, јавија државните медиуми.
-
Свет 15.05.2022 13:16
Во регионот на Лавов погодена воена инфраструктура
Руските сили извеле напад врз украинскиот град Лавов. Била погодена воена инфраструктура. Гувернерот на регионот рече дека во моментот нема информации за бројот на загинатите и повредените. Лавов неколкупати беше цел на напади.
-
Свет 15.05.2022 10:07
Масакр во супермаркет во Бафало, убиени 10 лица
18-годишно бело момче отвори оган во супермаркет во Бафало, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца.
-
Свет 15.05.2022 10:02
Блинкен на неформалниот состанок на НАТО во Берлин
Американскиот државен секретар Блинкен ќе го посети и Берлин на неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.










