• Свет 21.10.2025 12:30

    Силна бура ја зафати Франција со жртви и повредени

    Едно лице загина, а девет се повредени – четворица тешко – откако силно невреме со ветрови го погоди регионот Вал д’Оаз, северно од Париз. Бурата корнеше дрвја, покриви и урна кранови.

    На терен се мобилизирани десетици пожарникари, полицајци и припадници на итната медицинска помош.

  • Свет 21.10.2025 11:35

    Неизвесна средбата Трамп-Путин

    Планираната средба Трамп-Путин во Будимпешта останува неизвесна по одложувањето на состанокот меѓу нивните клучни помошници за надворешни работи Рубио и Лавров, кои требаше да ја подготват лидерската средба.

  • Свет 21.10.2025 11:03

    Саркози почна со издржување затворска казна

    Поранешниот француски претседател Никола Саркози почнува со издржување на петгодишната затворската казна откако беше осуден за илегална шема на финансирање на својата кампања со пари од Либија. Тој тврди дека е невин и дека случајот е политички мотивиран.

  • Свет 21.10.2025 09:44

    Трамп скептичен дека Киев ќе ја добие војната

    Додека Москва и Вашингтон го подготвуваат теренот за можна средба Трамп-Путин во Будимпешта, шефот на Белата куќа скептичен дека Украина ќе ја добие војната и ќе ги поврати териториите освоени од Русија.

  • Свет 21.10.2025 09:05

    Кревко примирје во Газа, Венс во Израел

    Кревкото примирје во Газа продолжува. Хамас му предаде уште едно тело на Израел, додека хуманитарната помош непречено се дистрибуира. По израелските напади викендов, во регионот пристигнува и американскиот потпретседател Венс на средба со Нетанјаху.

  • Свет 20.10.2025 19:35

    Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади

    Војната во Украина не запира. Беспилотни летала уништија привремена база на украинската армија во Запорожје. Нападнати возови со опрема во регионот Суми. Украински дронови пак, гранатираа два од најважните капацитети во руската нафтена и гасна индустрија.

  • Свет 20.10.2025 14:34

    Беспилотни летала уништија привремена база на украинската армија во Запорожје

    Војната во Украина не запира. Беспилотни летала уништија привремена база на украинската армија во Запорожје. Нападнати возови со опрема во регионот суми. Украински дронови пак, гранатираа два од најважните капацитети во руската нафтена и гасна индустрија.

  • Свет 20.10.2025 12:03

    Поради прекин на интернетот утрово паднаа многу веб-страници и апликации

    Поради прекин на интернетот, голем број веб-страници, онлајн игри и апликации детектираа проблеми во работењето.

    Според светските медиуми, најверојатна причина е „Веб сервисот на Амазон“. Во САД се пријавени повеќе од 2.000 прекини.

  • Свет 20.10.2025 12:02

    Товарен авион се излизга од пистата во Хонгконг, има жртви

    Товарен авион „Боинг 747“ од Дубаи, се излизга од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонгконг при слетување при што загинаа две лица. Четиричлена на екипажот во авионот се спасени и хоспитализирана.

  • Свет 20.10.2025 11:17

    Трамп негира дека побарал отстапување на Донбас

    Американскиот претседател негира дека побарал од Зеленски да го отстапи целиот регион Донбас на Русија. Трамп предлага земјата да остане како што е сега и да се преговара.

Pages