• Свет 20.10.2025 10:20

    На тест примирјето во Газа

    Прекинот на огнот во Газа на тест. По нападите на југ и на север, Израелската војска соопшти дека примирјето е повторно во сила и дека испораката на помош ќе продолжи. Израелската влада потврди дека армијата нападнала цели во Рафах по отворен оган кон нејзините трупи.

  • Свет 20.10.2025 08:51

    Израел возврати на нападите на југ и на север

    Прекинот на огнот во Газа на тест. Израелската војска почна „обновено спроведување на примирјето“ во согласност со условите на договорот, по размената на оган во Јужна Газа.

  • Свет 19.10.2025 15:50

    Грабеж во „Лувр“, светскиот познат музеј е затворен

    Светски познатиот музеј „Лувр“ во Париз е затворен по грабежот на девет парчиња накит од колекцијата на Наполеон и Жозефина Бонапарта, вреден милиони.

  • Свет 19.10.2025 12:29

    Хамас ги предаде останките на уште двајца заложници

    Доцна синоќа Хамас ги предаде останките на уште двајца заложници. Едно од телата е идентификувано, за другото се чекаат резултатите. Досега се предадени останките на 10 од 28 починати заложници.

  • Свет 19.10.2025 10:36

    Демонстрации во Израел, ООН алармира за состојбата во Газа

    Демонстрации во Тел Авив и Ерусалим. Се бара предавање на преостанатите починати заложници. И израелските власти алармираа, милитантната група да ги исполни обврските и да ги врати останките од сите починати заложници. Во Газа пак, ООН алармираат за уништувањето во енклавата.

  • Свет 19.10.2025 10:02

    Движењето „Без кралеви“ одржа нови масовни демонстрации низ САД

    Масовни протести во САД на движењето „Без кралеви“. Граѓани, од сите 50 сојузни држави излегоа на улиците против политиките на претседателот Трамп за имиграцијата, образованието, безбедноста.

  • Свет 19.10.2025 09:46

    Мерц: Војната мора да заврши

    Европа мора да преземе мерки за да ја заврши војната на Русија во Украина, став на германскиот канцелар. Европјаните мора да ја поддржат Украина финансиски, политички и воено, за брзо да ја заврши војната, нагласи Мерц.

  • Свет 19.10.2025 08:54

    Преговори меѓу Авганистан и Пакистан во Доха

    Делегации од Авганистан и од Пакистан во Доха на преговори. Катар понуди да работи на мировно решение за смирување на најсмртоносната криза меѓу двете земји во последните неколку години.

  • Свет 19.10.2025 08:34

    Протести против политиките на Трамп

    На повеќе од 2.600 локации, во сите 50 сојузни американски држави, протести под слоганот „Без кралеви“.

    Граѓаните излегоа на улиците против политиките на претседателот Трамп за имиграција, образование и безбедност, за кои организаторите велат дека ја туркаат земјата кон автократија.

  • Свет 18.10.2025 12:22

    Трамп: Време е да запре крвопролевањето и да се постигне мировен договор

    Американскиот претседател се надева дека војната во Украина ќе биде решена пред Киев да има потреба од ракетите „Томахавк“. Време е да запре крвопролевањето и да се постигне мировен договор, му порача Трамп на Зеленски по состанокот во Белата куќа. Истата порака му е упатена и на Путин.

Pages