• Свет 27.03.2019 13:47

    Парламентот со серија гласања за Брегзит

    Пратениците во Вестминстер со серија гласања се во потрага по сценарио за Брегзит што би имало најголема поддршка во Долниот дом. Меѓу предлозите се и откажување, но и Брегзит без договор.

  • Свет 26.03.2019 12:24

    Пратениците презедоа контрола за Брегзит

    Нов пораз за Владата на премиерката Тереза Меј откако со 329 гласа „за“ и 302 “против“ беше изгласан меѓупартиски амандман кој овозможува серија гласања за опциите за излез на Обединетото Кралство од Европската Унија.

  • Свет 25.03.2019 13:46

    Повредени во ракетен напад од појасот Газа

    Неколкумина повредени во ракетен напад од Појасот Газа. Цел на гранатирање  била  семејна куќа во село, 80 километри оддалечено од местото каде што е истрелана ракетата.

    Се разбудивме од звукот, не од предупредувањето. Не ја слушнавме сирената.

  • Свет 21.03.2019 14:28

    Меј на средби со лидерите на ЕУ во Брисел

    Британската премиерка Тереза Меј во Брисел на средби со лидерите на земјите-членки на ЕУ. Главна тема е предложеното одложување на рокот за Брегзит кој е планиран за 29 март. Во писмо до Брисел, Меј бара пролонгирање на стапувањето во сила на членот 50 до 30 јуни.

  • Свет 20.03.2019 16:02

    Пресуда за Радован Караџиќ

    Конечна пресуда од Механизмот за меѓународни казнени судови во Хаг за првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ. Обвинет е за најтешки воени злосторства извршени на европската територија по Втората светска војна, вклучувајќи ги геноцидот во Сребреница и опсадата на Сараево.

  • Свет 19.03.2019 13:32

    Соработници на Гуаидо презедоа објекти во САД

    Претставници на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо презедоа контрола над три нивни дипломатски објекти на Венецеуела во САД. Заземени се две згради на Министерството за одбрана кои припаѓаат на Венецуела во Вашингтон и една конзуларна во Њујорк.

  • Свет 19.03.2019 11:24

    Се утврдуваат мотивите за нападот во Утрехт

    Холандската полиција ги утврдува мотивите за смртоносниот напад во холандскиот град Утрехт. 37-годишниот Турчин Ѓокмен Танис усмрти три лица во трамвај и рани неколкумина. Потоа успеа да им побегне на полициските офицери кои речиси цел ден трагаа по него пред конечно да го уапсат.

  • Свет 15.03.2019 12:25

    Жртви во напад во џамии во Крајстчрч

    Педесетина мртви во напад во две џамии на Нов Зеланд. Тројца мажи и жена се во притвор. Премиерот на Австралија Скот Морисон потврди дека еден од нив е терорист од редовите на екстремните десничари кој го најавил нападот на Интернет, а за време на инцидентот објавил 17-минутно видео на Фејсбук.

  • Свет 14.03.2019 13:29

    Гласање за пролонгирање на терминот

    По отфрлањето на ревидираниот договор за Брегзит и сценариото без договор за излез од ЕУ, пратениците во британскиот парламент се изјаснуваат за продолжување на терминот за официјална разделба од Брисел што е закажан за 29 март. Со владиниот предлог, Брегзит треба да се одложи до 30 јуни.

  • Свет 13.03.2019 13:57

    ЕУ: Веќе не преговараме со Лондон

    Брисел предупреди - нема да преговараме со Лондон за условите за разводот, но постои подготвеност само да се разгледа евентуално барање на Велика Британија за одлагање на терминот за излез од Унијата.

Pages