-
Свет 12.03.2019 13:13
Парламентот повторно гласа за Брегзит
Брисел даде гаранции за заштитниот граничен механизам на ирскиот остров, најспорната точка во преговорите. Еврокомисијата постави услов – заминете до Европските избори или избирајте свои пратеници за Европарламентот. Велика Британија треба да го напушти Европскиот блок за 17 дена. -
Свет 11.03.2019 13:49
Приземјена флотата со „Боинг 737“
Компанијата „Етиопиан ерлајнс“ ја приземји флотата авиони „Боинг 737 Макс 8“ по несреќата кога загинаа 157 лица. Целта на властите е да се воведе дополнителна безбедносна мерка и да се избегнат нови трагедии. Причината за несреќата засега е непозната.
-
Свет 08.03.2019 11:13
Пол Манафорт осуден на речиси 4 години затвор
Поранешниот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манофорт е осуден на 47 месеци затвор поради даночни и банкарски измами.
-
Свет 06.03.2019 11:30
Шкотска и Велс бараат одложување на Брегзит
Пратениците сметаат дека периодот до 29 март е недоволен за надминување на сите разлики околку клучните прашања, потенцирајќи дека не прифаќаат сценарио без договор.
-
Свет 05.03.2019 15:33
Барање за исклучување на Орбан и „Фидес“
Револтирани се од кампањата на кабинетот во Будимпешта против челникот на Еврокомисијата Јункер и обвиненијата дека Брисел ги поддржува мигрантските бранови.
-
Свет 04.03.2019 11:02
Смртоносни торнада на југоистокот на САД
Локалните власти очекуваат раст на бројот на жртвите поради материјалната штета и големиот број урнати објекти. Над 4.000 семејства во Алабама останаа без електрична енергија. Операциите на спасувачките екипи беа привремено запрени поради ноќта и непрегледноста на теренот.
-
Свет 01.03.2019 11:18
„Не“ за резолуциите на САД и Русија за Венецуела
Иако поддржуваат спротивставени страни во владата на Венецуела, ни САД ни Русија не успеаја да добијат зелено светло во Совет за безбедност на Обединетите нации за поднесените резолуции со кои би се решиле конфликтот и хумантираната криза во Венецуела, предизвикани од економската криза која се пр
-
Свет 28.02.2019 14:43
Барање за ослободување на воениот пилот
Индија бара ослободување на воениот пилот чијшто авион беше соборен од пакистанската армија. Го обвини Исламабад за напади кон воени објекти на индиската страна на Кашмир. Осуда и за објавената снимка од заробениот пилот, која според Њу Делхи, е непочитување кон воените сили.
-
Свет 27.02.2019 15:06
Затворен воздушен простор, соборени индиски авиони
Пакистан го затвори воздушниот простор откако армијата собори два индиски авиони. Пилотите се заробени. Едниот е в болница, а вториот во притвор. Најновиот инцидент следува откако соседната земја изврши прекуграничен напад за прв пат по војната од 1971 година.
-
Свет 25.02.2019 12:10
Нови судири на границата со Бразил
Нови судири на границата меѓу Венецуела и Бразил каде што со камења и солзавец силите ги одмерија демонстрантите и припадниците на Националната гарда на претседателот Николас Мадуро. Во судирите веќе има неколку жртви. Десетици се повредени.










