Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон изјави дека Каталонија ќе го примени законот за референдум, кој повикува на прогласување независност ако референдумот покаже дека повеќето гласачи се одлучиле за независност.
-
Свет 09.10.2017 13:15
-
Свет 09.10.2017 12:51
Ердоган во дводневна посета на Србија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во дводневна посета на Србија. Придружуван е од 185 бизнисмени и осум турски министри.
Се очекува потпишување на неколку договори за турски инвестиции и за бесцарински извоз на одредени производи во таа земја.
-
Свет 09.10.2017 12:14
Пенс напушти натпревар во знак на протест
Американскиот потпретседател Мајк Пенс напушти спортски натпревар во Индијана откако дел од натпреварувачите клекнаа за време на интонирањето на американската химна, што според него, било непочитување на војската, знамето и химната.
-
Свет 09.10.2017 11:39
Германија: Постигнат договор, Меркел попушти за мигрантите
По маратонски преговори, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, постигна договор за мигрантското прашање со што се отстранети препреките за коалициски преговори со останатите партии.
-
Свет 09.10.2017 11:00
Пуџдемон: Ќе го примениме Законот за референдум
„Каталонија ќе го примени законот за референдум, кој повикува на прогласување независност доколку референдумот покаже дека мнозинството гласачи се за отцепување“, изјави каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон.
-
Свет 09.10.2017 10:17
Турција: Контрамерки кон САД за издавањето визи
Анкара со реципрочни мерки одговори на американската мисија во Турција, која ја прекина работата на службите за издавање неимигрантски визи во дипломатските претставништва во земјата.
-
Свет 06.10.2017 16:34
Нобелова награда за мир за меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје
Годинава, Нобеловата награда за мир ја доби меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје.
Станува збор за коалиција на невладини организации од повеќе од 100 држави која се бори за забрана на атомското оружје со носење меѓународен закон.
-
Свет 06.10.2017 15:09
В понеделник седница на каталонскиот Парламент
Каталонскиот секретар за надворешни работи и институционални односи Раул Ромева, изјави дека каталонскиот парламент в понеделник ќе одржи седница. Тој смета дека кризата, во намерата на Каталонија да прогласи независност ќе биде решена со политики, а не со судски мерки.
-
Свет 06.10.2017 12:54
Грција казни шест врвни козметички фирми заради договарање цени
Грчката Комисија за конкуренција казни шест козметички фирми, меѓу кои и американската „Есте Лаудер“ и француската „Лореал“, како и „Кристијан Диор“, со околу 19 милиони евра поради договарање цени.
-
Свет 06.10.2017 11:57
Германија: Најмалку седуммина загинати во бурата „Ксавиер“
Најмалку седум лица загинаа во бурата „Ксавиер“, што вчера ја погоди Северна и Источна Германија, проследена со силни ветрови уривајќи дрвја и кранови, а предизвика и прекин во железничкиот сообраќај.









