САД побараа од Меѓународната агенција за атомска енергија да ги засили инспекциите во Иран, за да се утврди дали Исламската република го спроведува договорот потпишан во 2015-та година за суспензија на својата нуклеарна програма.
-
Свет 29.09.2017 11:39
-
Свет 29.09.2017 10:59
Мексико: Билансот на жртвите од земјотресот достигна 344 лица
Во силниот земјотрес што на 19-ти септември го погоди Мексико, загинале најмалку 344 лица.
Спасувачките екипи сѐ уште се на терен и ги пребаруваат урнатините.
Претседателот Енрике Пења Нието соопшти дека штетите од земјотресот може да достигнат до две милијарди долари.
-
Свет 29.09.2017 10:27
Ал Шабаб нападна сомалиска воена база
Исламистичката група Ал Шабаб изутрината нападна воена база во близина на главниот сомалиски град Могадишу.
Напаѓачите убиле 17 војници и ја презеле контролата врз базата во близина на соседното село.
-
Свет 28.09.2017 14:43
Над 4,7 милиони Севернокорејци се пријавиле како доброволци во армијата
Севернокорејските државни медиуми објавија дека над 4,7 милиони Севернокорејци се пријавиле како доброволци во армијата, во текот на актуелните тензии со САД.
-
Свет 28.09.2017 13:27
Турција ќе ги зголеми трошоците за војската
Според новиот нацрт-закон, во план е зголемување за трошоците за одбраната за 2,2 милијарди долари со цел да се модернизира војската на Турција.
-
Свет 28.09.2017 12:46
Путин во посета на Анкара
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе претстојува во официјална посета на Анкара, при што ќе оствари средба со неговиот турски колега Ердоган. Ќе разговараат за глобалните и регионалните прашања, како и за подобрување на односите меѓу двете земји.
-
Свет 28.09.2017 12:10
Вануату: Евакуација поради опасност од ерупција на вулкан
Се евакуира населението на островската држава Вануату поради опасност од ерупција на вулканот Манаро кој се активираше пред неколку денови.
-
Свет 28.09.2017 11:44
Мексико: Напад во рехабилитационен центар
Вооружени лица отворија оган и усмртија 14 луѓе во центар за одвикнување од дрога во северно Мексико. Во моментот на нападот во установата имало 25 лица. Полицијата го истражува мотивот за повеќекратното убиство.
-
Свет 28.09.2017 11:31
Пучдемон: Притисокот од Мадрид ја зголемува поддршката за референдумот
Според лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон, притисоците на шпанската Влада поради референдумот за независност ја зголемуваат поддршката за гласањето.
-
Свет 28.09.2017 10:21
Почина Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“
На 91-годишна возраст почина Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“. Мегапоплуарното списание за мажи почнал да го објавува во 1953 година во кујната на својот дом.










