Европската комисија соопшти дека референдумот за независност во Каталонија не е легален. Портпаролот на комисијата, Маргаритас Схинас рече дека тоа е внатрешна работа на Шпанија, но дека, сепак треба да е во согласност со Уставот на земјата.
-
Свет 02.10.2017 14:34
-
Свет 02.10.2017 13:52
Над 50 загинати во нападот во Лас Вегас, убиецот е 64- годишник
Најмалку 50 луѓе биле убиени, а повеќе од 100 повредени кога вооружен напаѓач отворил оган врз луѓе кои присуствувале на фестивал на кантри музика во Лас Вегас.
-
Свет 02.10.2017 12:38
ИД презеде одговорност за нападот во Марсеј
Џихадистичката група исламска држава презеде одговорност за нападот на железничката станица Сен-Шарл во Марсеј, во кој беа убиени две жени.
-
Свет 02.10.2017 11:09
Најмалку 20 загинати во напад во Лас Вегас
Најмалку 20 лица се убиени во напад со огнено оружје во ресортот „Мандалеј беј“ во Лас Вегас. Во нападот се повредени и над 100 лица. Полицијата упати апел до граѓаните да ја избегнуваат областа околу хотелот.
-
Свет 02.10.2017 10:12
Каталонија: Референдумот го одбележаа жестоки судири
Гласањето на референдумот за независност на Каталонија го одбележаа жестоки судири со шпанската полиција која се обиде да ги затвори гласачките места. Медиумите прикажаа инсерти од судирите на кои се гледа како полицајци удираат луѓе и се обидуваат да им одземат гласачки ливчиња и кутии.
-
Свет 02.10.2017 07:40
За независност гласаа 90 проценти од Каталонците
Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се - за независност.
-
Свет 01.10.2017 11:50
Референдум за независност: Каталонците гласаат, полицијата ги затвора гласачките места
Гласањето на референдумот за независност на Каталонија почна денеска на голем број избирачки места. На дел од гласачките места, полицијата од утринава се обидува да ги спречи луѓето да гласаат, а на одделни места се регистрирани инциденти.
-
Свет 29.09.2017 15:14
Јункер: Потребно е чудо за да постигнеме напредок за Брегзит
Претседателот на Европска комисија, Жан Клод Јункер изјави дека е потребно да се случи чудо за да се постигне доволен напредок до крајот на октомври во преговорите на Европска унија со Велика Британија.
-
Свет 29.09.2017 12:41
Индија: Најмалку 22 жртви во стампедо на железничка станица во Мумбај
Најмалку 22 лица загинале, а 30 биле повредени во стампедо на железничка станица во финансискиот центар на индискиот град Мумбај. Според очевидците, стампедото се случило откако неколку жени се лизнале на скалите од мостот, што било предизвикано од обилните дождови што го зафатија овој крај.
-
Свет 29.09.2017 12:08
МААЕ: Северна Кореја постигна брз напредок во изработката на оружје
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукијо Амано изјави во Сеул дека шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја, спроведен на 3-ти септември, покажува дека изолираната земја постигнала брз напредок во изработката на оружје.









