„Коалицијата на подготвените“ во Париз проценува какви повоени безбедносни гаранции може да се обезбедат за Украина. На состанокот кај Макрон, присутни Зеленски, претседателката на ЕК, Фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Руте. Околу 30 други европски лидери присутни онлајн.
-
Свет 04.09.2025 11:54
-
Свет 04.09.2025 10:07
Протести во Израел, Хамас подготвен за договор
Ескалираа протестите во Ерусалим – демонстрантите се спротивставуваат на владиниот повик за мобилизирање резервисти за проширената операција во Газа. Се бара крај на војната и ослободување на заложниците.
-
Свет 04.09.2025 09:50
Мадуро подготвен да се бори по нападот од САД
Венецуела останува на нозе, обединета и подготвена да се бори за мир и суверенитет во земјата-изјави претседателот Мадуро по нападите на американската војска врз брод што превезувал дрога во Карибите.
-
Свет 04.09.2025 09:08
Трагедија во Лисабон, најмалку 15 загинати откако трамвај излета од шини
Најмалку 15 загинати и 20-ина повредени во главниот град на Португалија, Лисабон, откако трамвај излета од шини. Меѓу жртвите има и странски државјани. Несреќата се случила на историската линија „Глорија“ која е позната туристичка атракција.
-
Свет 04.09.2025 08:49
Жестоки судири пред резиденцијата на Нетанјаху
Жестоки судири на протестите во Ерусалим пред резиденцијата на премиерот Нетанјаху. Поради пожар евакуирани жители од околните згради. Полицијата употреби водени топови и уапси неколку лица.
-
Свет 04.09.2025 08:37
Состанок на „Коалицијата на подготвените“ во Париз
Зеленски во Париз на состанок со „Коалицијата на подготвените“, заедно со неговиот домаќин и колега Макрон, претседателката на ЕК фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Руте. Околу 30 други европски лидери се вклучуваат онлајн, а попладне е планиран и телефонски разговор со Трамп.
-
Свет 03.09.2025 17:45
Голема воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од поразот на Јапонија во Втората светска војна
Во услови на зголемени геополитички превирања, со голема воена парада Кина ја одбележа 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.
-
Свет 03.09.2025 14:45
Нов земјотрес во Авганистан, расте бројот на жртви
Нов земјотрес од 5,5 степени по Рихтер го погоди југоисточен Авганистан, два дена откако во потрес од 6 степени во истиот регион загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а илјадници беа повредени.
-
Свет 03.09.2025 12:49
Нови руски напади во западна Украина, Зеленски најави соодветен одговор
Активирани полски и сојузнички авиони за да го обезбедат полскиот воздушен простор, откако Русија изврши нов бран напади на западот на Украина. Москва последниве недели ги засили ударите врз украинските градови, иако тврди дека е подготвена за мировни преговори.
-
Свет 03.09.2025 12:05
Голема воена парада во Кина
Во услови на зголемени геополитички превирања, со голема воена парада Кина ја одбележа 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.










