Фракција на Ал Каеда во Африка ја презеде одговорноста за вчерашниот напад на туристичкото место Гранд Басам на Брегот на Слоновата Коска во кој беа убиени 16 лица. Четворица од загинатите биле државјани на Германија, Франција, на Буркина Фасо и на Камерун.
-
Свет 14.03.2016 15:42
-
Свет 14.03.2016 14:18
Меркел не планира да ја менува политиката за бегалците
Германската канцеларка Меркел не планира да ја менува својата политика во врска со бегалците и покрај тешкиот пораз на вчерашните покраинските избори.
-
Свет 14.03.2016 13:24
Нова рунда мировни преговори за Сирија
Нова рунда мировни преговори за Сирија денеска почнува во Женева за окончување на 5 годишниот конфликт во кој настрадаа над 270 илјади луѓе, а околу милион се раселени.
-
Свет 14.03.2016 12:39
Најмалку 35-мина загинати во терористичкиот напад во Анкара
35-мина загинати и 125 лица повредени е црниот биланс од синоќешниот крвав напад во Анкара. 9-мина се во критична состојба. Разорната екплозија се случи во близина на централниот Гевен парк, клучно транспортно и трговско место. По нападот се слушнале и истрели.
-
Свет 14.03.2016 12:00
Чамец со мигранти се преврте во Егејското Mоре
Чамец со непознат број имигранти денеска се преврте во Егејското Море, во близина на островот Кос. Петмина од мигрантите успеале да допливаат до брегот на островот. Според нив, во чамецот имало уште осум Пакистанци.
-
Свет 14.03.2016 11:41
Протести во Бразил, се бара оставка од претседателката Русеф
Околу милион и 400 илјади лица учествуваа во демонстрациите во бразилскиот град Сао Паоло, со барање за оставка на претседателката Дилма Русеф.
Протести беа организирани и во голем број други бразилски градови, во кои се вклучија вкупно околу три милиони луѓе.
-
Свет 14.03.2016 11:38
Терористички напад во Гранд Басам, Ал Каеда ја презеде одговорноста
Терористички напад и во туристичкиот град Гранд Басам во Брегот на Слоновата коска. Убиени се 14 цивили, двајца војници и шестмина од напаѓачите. Меѓу жртвите има и четвроца европејци.
-
Свет 14.03.2016 10:52
Фајман: Да се затворат алтернативните рути за бегалците
Австрискиот канцелар Вернер Фајман смета дека треба да се затворат алтернативните рути, без разлика дали станува збор за Италија или за Бугарија бидејќи, доколку тоа не се стори уште овој месец, летово Европа повторно ќе биде пред „целосно нерешлива задача“.
-
Свет 14.03.2016 08:43
Најмалку 35 лица загинаа во нападот во Анкара
Најмалку 35 загинати и 125 повредени е билансот од синоќешниот бомбашки напад во центарот во Анкара. Експлозијата се случи синоќа во 18 часот и 35 минути во близина на централниот Гевен парк. По експлозијата се слушнале истрели.
-
Свет 11.03.2016 15:21
Јапонија: Пет години по катастрофалниот земјотрес
Јапонија денеска ја одбележува петтата годишнина од катастрофалниот земјотрес и цунами во кој загинаа и исчезнаа 18.500. И покрај потрагата, телата на 2.561 лице се уште не се пронајдени.










