Бројот на жртви од последиците од ураганот „Метју“ постојано расте и до сега се регистрирани 339 загинати на Хаити. Ројтерс пренесува дека е невозможно да се прецизира точниот број, бидејќи од час во час пристигнуваат нови информации од службите за вонредни состојби.
-
Свет 07.10.2016 12:35
-
Свет 07.10.2016 12:25
Нобеловата награда за мир за колумбискиот претседател Сантос
Колумбискиот претседател Хуан Сантос е добитник на Нобеловата награда за мир за заложбите за окончување на 52-годишната војна со левичарските бунтовници ФАРК.
-
Свет 07.10.2016 10:48
Советот за безбедност ќе расправа за ситуацијата во Алепо
Советот за безбедност на Обединетите нации ќе расправа за ситуацијата во сирискиот град Алепо. На седницата по барање на Русија ќе се разговара за предлогот на специјалниот Пратеник Де Мистура за повлекување на припадниците на фронтот Ал Нусра од источниот дел на градот.
-
Свет 07.10.2016 10:31
ММФ: Грција има уште многу работа
Според директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, пред Грција претстои уште многу работа во делот на реформите. Со тоа се потврдија стравувањата- монетарците се уште не се подготвени да учествуваат во третата финансиска транша за Атина.
-
Свет 07.10.2016 10:12
Ураган „Метју“: Вонредна состојба во Флорида и во Јужна Каролина
По пустошот што го остави зад себе и над 300 жртви на Карибите, супербурата „Метју“ треба секој час да удри на бреговите на Флорида и Јужна Каролина со брзина од 220 км/ч. Белата куќа прогласи вонредна состојба, се преселуваат стотици илјади семејства.
-
Свет 06.10.2016 14:44
Кој е Антонио Гутерес?
Поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутерес е новиот генерален секретар на Обединетите Нации. Договорот е постигнат на неформалното гласање зад затворена врата, а одлуката ја соопшти рускиот претставник во Организацијата, Виталиј Чуркин.
-
Свет 06.10.2016 12:28
Италијанската полиција го уапси шефот на калабриската мафија
Италијанската полиција го уапси шефот на калабриската мафија кој е во бегство уште од 2011 година. 54-годишниот Антонио Пеле се криел во бункер во неговиот дом.
-
Свет 06.10.2016 11:48
Сѐ повеќе Британци бараат ирско државјанство
Министерството за внатрешни работи на Ирска соопшти дека бројот на Британци кои поднесле молби за добивање ирско државјанство е речиси двојно поголем по референдумот од 23 јуни за Брегзит.
-
Свет 06.10.2016 11:16
Грција: Протест на вработените во државните болници
Вработените во државните болници во Грција излегуваат на протести поради намалените средства за здравството.
Синдикатот ги оспорува уверувањата на Владата дека парите од нови лиценци за телевизиски канали ќе бидат насочени во буџетот за здравствена заштита.
-
Свет 06.10.2016 10:56
СБ: Исламска држава регрутира образован кадар во своите редови
Според анализата на Светска банка, Исламска држава регрутира образован кадар во своите борбени единици. Странските борци кои станале членови на групата имаат повисоко образование од очекуваното.










