Во парламентот гласање за избор на нов претседател на Косово. Во трка се лидерот на Демократската партија и актуелен вицепремиер Хашим Тачи и сопартиецот Рафет Рама.
-
Свет 26.02.2016 10:35
-
Свет 25.02.2016 17:11
Грција го повика амбасадорот од Австрија на консултанции
Атина го повика амбасадорот од Виена откако Грција не беше повикана на состанокот на западно- балканската рута посветен на бегалската криза што вчера се одржа во Австрија.
-
Свет 25.02.2016 14:46
Несреќа во руски рудник, под земја заробени 90 рудари
Во рудникот за јаглен во градот Воркут на рускиот Арктик денеска се случи несреќа и поради одрони заробени останаа 90 рудари, соопшти регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации.
Евакуацијата е во тек. Засега нема информации дали некој е повреден во оваа несреќа.
-
Свет 25.02.2016 13:53
Косово утре избира претседател
Косово утре избира нов шеф на државата. Претседателот на парламентот закажа седница на која ќе се гласа за новиот претседател. За да биде избран кандидатот треба да добие поддршка од најмалку две третини од пратениците, или 80 од 120-те членови на парламентот.
-
Свет 25.02.2016 13:08
Можни терористички напади на автобуски станици во Истанбул
Турската полиција предупреди за можни терористички напади на автобуски станици во Истанбул. Во соопштението, испратено до повеќе државни институции се посочува дека главна цел на нападите би можеле да бидат местата на кои има поголем број луѓе.
-
Свет 25.02.2016 12:54
Помошничка на папата Францис пронајдена мртва
Нова афера во Ватикан. 34-годишната Мирјам Вулу, асистентката на папата Францис изутрината е најдена мртва во нејзиниот стан, објави британски „Дејли мирор“.
-
Свет 25.02.2016 10:34
Србија испраќа војска на границите
Претседателот на Србија, Томислав Николиќ најверојатно ќе свика седница на Советот за национална безбедност. Безбедносните служби на соседната земја се во состојба на зголемена готовност, поради мигрантската криза во регионот.
-
Свет 24.02.2016 15:44
Акција на турската полиција врз упоришта на ПКК
Голема акција на турската полиција врз упоришта на Курдската работничка партија во југоисточниот дел на Турција.
Силите за безбедност соопштија дека за време на нападите се убиени деветмина припадници на ПКК.
Нападот бил извршен со хеликоптери од типот „Кобра“.
-
Свет 24.02.2016 13:17
Шулц: Одлуката на Белгија за границата е нормална
Одлуката на Белгија да ја врати привремената контрола на границата со Франција е „апсолутно нормална“, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц во интервјуто за Радио „Јуроп“.
-
Свет 24.02.2016 12:03
Во авионска несреќа во Непал 23 загинати
Нема преживеани патници во авионот Тара Ер, кој беше исчезнат во централниот дел на Непал. Полицијата соопшти дека во леталото имало 23-цата патници и членови на екипажот, меѓунив двајца странци и две деца. Остатоците од леталото се најдени во планинскиот регион Миагди.










