Американскиот претседател Барак Обама во посета на Кенија, како дел од турнејата во Африка. Властите во Најроби ги зголемија мерките на безбедност на највисоко ниво, за да го заштитат од евентуалните напади на сомалиските милитанти.
-
Свет 24.07.2015 11:13
-
Свет 24.07.2015 10:58
Вооружен напад во кино во Луизијана, најмалку три жртви
Најмлаку три лица починаа, седуммина се повредени, откако маж отворил оган во кино во американската сојузна држава Луизијана.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 58-годишен маж, кој нападот го извршил дваесетина минути откако почнал филмот, а потоа сам си го одземал животот.
-
Свет 24.07.2015 10:32
Турска офанзива против ИДИЛ
Во раните утрински часови почнаа нападите на турските борбени авиони врз позиции на џихадистите од Исламска држава на сириски територија, засега нема навлегување на турската копнена војска во сирија, соопшти претставник на силите за безбедност во Анкара.
-
Свет 23.07.2015 13:17
МРТ на протестите во Атина: На Синтагма повторно молотови коктели
Грчкиот Парламент по речиси дваесет часовна расправа, го усвои и вториот пакет мерки што меѓународните кредитори го бараат од земјата. А додека траеше гласањето, граѓаните веќе традиционално, излегоа на Синтагма да го искажат својот гнев поради новите мерки за штедење.
-
Свет 23.07.2015 13:08
Неофицијално: Хрватска го загуби граничниот спор со Словенија
Неофицијално, Хрватска го загуби граничниот спор со Словенија, а со тоа и најмалку две третини од морето во Пиранскиот залив.
-
Свет 23.07.2015 11:51
Валенсија: Правото на попладневна дремка заштитено со закон
Градот Адор во шпанската провинција Валенсија со закон го заштити правото на „сиеста“, односно попладневна дремка. Градоначалникот им нареди на жителите мир и тишина во периодот од 2 до 5 часот попладне.
-
Свет 23.07.2015 11:48
Грција го усвои вториот пакет на мерки
По жестока расправа, грчкиот парламент го усвои вториот сет реформи што ги бараат кредиторите. Изненадување беше тоа што позитивно гласаше и екс министерот за финансии Варуфакис, кој се изјасни „против“ претходниот пакет мерки.
-
Свет 23.07.2015 10:38
Хрватска: Пожарот на Пељешац под контрола, но и натаму се заканува
Дожд донесе олеснување на деловите од хрватскиот полуостров Пељешац каде што во текот на ноќта стотици пожарникари и војската со авиони и хеликоптери за гаснење се бореа против огнената стихија.
-
Свет 22.07.2015 17:40
Нова страница за иднината на Србија и БиХ
Помирувањето и иднината во фокусот на денешната посета на преседателството на БиХ во Белград, на покана на премиерот Александар Вучиќ. Тој по средбата оцени дека е отворена нова страница на заедничката иднина.
-
Свет 22.07.2015 16:03
Хрватското приморје во пламен, алармантно на Пељешац и Корчула
Хрватското приморје во пламен. И натаму алармантна е состојбата на полуостровот Пељешац и островот Корчула. Цела ноќ над сто пожарникари и војската се бореа со огнената стихија, но пожарите се уште не се локализирани. Во ризик се неколку населби. Почна евакуација на населението и туристите.










