Цела ноќ над сто пожарникари се бореа со пожарите на Корчула и на Пељешац, но уште гори на повеќе локации. Зафатен е непристапен терен, се чека доаѓање на авионите за гаснење.
-
Свет 22.07.2015 10:51
-
Свет 21.07.2015 16:43
Идентификуван напаѓачот во Суруч
Турскиот премиер Давутоглу изјави дека е идентификувана личност осомничена за самоубиствениот бомбашки напад во Суруч во кој загинаа 32 лица.
-
Свет 21.07.2015 13:43
Директорот на „Тошиба“ поднесе оставка
Извршниот директор и претседател на јапонската компанија „Тошиба“, Хисао Танака поднесе оставка откако беше откриена неговата вмешаност во книговодствен скандал. Според сознанијата, тој правел малверзации во нереално прикажување на постигнувањата во изминатите шест години.
-
Свет 21.07.2015 11:55
Протести во Истанбул по вчерашниот напад во Суруч
Протести во Истанбул по вчерашниот самоубиствен бомбашки напад на 18-годишна девојка, во градот Суруч во кој загинаа 30- тина лица, а стотина беа повредени. Полицијата се судри со демонстрантите кои ја обвинија владата за нападите.
-
Свет 21.07.2015 10:34
Компјутерската безбедност- приоритет за САД
Соединетите Американски Држави се честа цел на компјутерски напади од поединци, држави и организации.
-
Свет 20.07.2015 17:07
28 загинати, стотина повредени- бомбашкиот напад во Суруч го извршила 18-годишна девојка
Само неколку моменти пред фаталната експлозија, една група се фотографирала, а другата појадувала во градината. 28 активисти загинаа, а најмалку 100 се повредени во напад врз културниот центар во турскиот град Суруч на сириската граница.
-
Свет 20.07.2015 15:03
Терористичкиот напад во турскиот пограничен град Суруч, расте бројот на жртви
Активисти жртви на терористички напад на Исламска Држава на турска територија – најмалку 27 луѓе загинаа, а речиси 100 се повредени во градот Суруч, кај сириската граница. Експлозијата одекнала во градината на локалниот културен центар во кој престојувале околу 300 младински активисти.
-
Свет 20.07.2015 13:12
Најмалку 10 жртви во напад во Сурук
Најмалку 10 луѓе загинаа во експлозија во културен центар во југоисточниот турски град Сурук. Медиумите известуваат дека има десетици повредени. Се уште не е позната причината за експлозијата, но некои очевидци тврдат дека станиува збор за самоубиствен бомбашки напад.
-
Свет 20.07.2015 11:21
Во Јужна Кореја, Мерсот е под контрола
Болниците во Сеул во кои се појави фаталната зараза од вирусот МЕРС од денеска се враќаат во нормална работна состојба.
Во последниве две недели немало пријави за нови случаи од болеста позната како нилска треска, од која во Јужна Кореја до сега починаа 36 лица.
-
Свет 20.07.2015 10:44
САД и Куба официјално ги обновуваат дипломатските односи
САД и Куба денеска официјално ги обновуваат дипломатските односи, прекинати пред 54 години. Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез денеска ќе присуствува на свечена церемонија за поставување на кубанското знаме во Вашингтон, по што ќе одржи средба со американскиот државен секрета










