• Свет 27.05.2015 12:20

    Уапсени високи функционери на ФИФА

    Швајцарската полиција уапси во Цирих шест високи функционери од ФИФА. Осомничени се за перење пари и дека примале поткуп од 100 милиони долари за изнуди и измами на американскиот континент во изминатите 20 години.

  • Свет 27.05.2015 11:49

    Вучиќ во посета на Тирана

    Силни безбедносни мерки во Тирана за денешната посета на српскиот премиер Александар Вучиќ. Блокирани се многу улици, неколку плоштади и автопатот Драч-Тирана.

  • Свет 27.05.2015 10:48

    Белгија го затвори воздушниот простор

    Белгија го затвори воздушниот простор поради дефект на електричните инсталации. Од изутрината им е наредено на сите авиони во воздушниот простор да најдат алтернативни аеродроми во соседните држави.

  • Свет 26.05.2015 16:47

    Временски непогоди низ светот

    Група луѓе беспомошно гледаат во надојдената вода која носи се пред себе. Големите поплави што го зафатија југот на САД однесе најмалку 5 жртви. Најкритично е во Тексас и во Оклахома, каде што во изминативе 24 часа на одделни места паднале 25 милилитри дожд на квадратен метар.

  • Свет 26.05.2015 16:24

    Истовремени воени вежби на Русија и на НАТО на северот на Европа

    Во двонеделната воена вежба „Артички предизвик 2015“ учествуваат шест земји-членки на НАТО и уште  три партнерски земји, вклучувајќи 4.000 војници и околу 100 воени авиони, меѓу кои се и американските борбени авиони Ф- 16 како и авионите  на Финска и Шведска, чиишто земји не се членки на НАТО.

  • Свет 26.05.2015 13:51

    Поплави на југот од САД: Најмалку пет жртви, уништени стотици домови

    Во големи поплави што го зафатија југот на САД загинаа најмалку 5 луѓе, а уништени се стотици домови. Најтешка е ситуацијата во Тексас и во Оклахома, каде што во изминатите 24 часа на места паднале 25 сантиметри дожд, а се предвидува дека врнежите ќе продолжат.

  • Свет 26.05.2015 12:13

    САД- втора најпосетена држава во светот

    Туризмот во Соединетите Американски Држави е голем бизнис со многугодишна традиција. Милиони туристи од странство и дома патуваат во Америка за да ги посетат природните убавини, градови, историските споменици и местата за забава.

  • Свет 26.05.2015 08:43

    Канада: Поради пожар евакуирани околу 2.000 жители во Алберта

    Околу 2.000 жители на северната канадска провинција Алберта се евакуирани поради шумскиот пожар, што опфати површина од 4.000 хектари.
     
    Поради стихијата евакуирано е целото население (1.500 луѓе) на селото Вабаска.
     
  • Свет 22.05.2015 17:25

    Грегзитот, Брегзитот и Украина - теми на самитот на ЕУ во Рига

    На самитот на европските лидери во Рига главна тема – Грегзитот, Брегзитот и Украина. По средбата на маргините на грчкиот премиер Ципрас со канцеларката Меркел и францускиот претседател Оланд, повторно без решение и со заклучок дека има уште многу работа.

  • Свет 22.05.2015 16:41

    Конзервативната Ирска на историски референдум

    Историски референдум во Ирска. Повеќе од 3 милиони гласачи денеска се изјаснуваат дали ќе ги прифатат истополовите бракови и со тоа ќе им овозможат на хомосексуалните двојки да ги легализираат своите врски со формален брак.

Pages