Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени, меѓу кои и деца, во руски напад со дрон врз станбена зграда во градот Суми, североисточна Украина. Регионот се граничи со Курск, каде Украина изврши инвазија во август минатата година.
-
Свет 30.01.2025 10:13
-
Свет 30.01.2025 09:10
Белата куќа го укина меморандумот за замрзнување на грантови и заеми
Белата куќа го повлече меморандумот за федерално замрзнување на стотици милијарди долари грантови и заеми, по одлуката на судот да ја запре наредбата потпишана само неколку часа претходно од претседателот Трамп. Меморандумот е укинат, но замрзнувањето останува во сила.
-
Свет 30.01.2025 09:04
Авион со 64 патници и членови на екипаж се судри со воен хеликоптер над небото во Вашингтон
Страотна несреќа над небото на САД. Авион со 60 патници и четворица членови на екипажот се судри со армиски хеликоптер при слетување на националниот аеродром Роналд Реган во близина до Вашингтон. Хеликоптерот, познат како „Црн Јастреб“, превезувал три воени лица, соопшти Пентагон.
-
Свет 30.01.2025 08:52
Континуирани судири во неколку области во Конго
Континуирани судири се регистрирани во неколку области во Конго, вклучително и во Саке, северозападно од Гома. Според ООН приоритет останува заштитата на персоналот на организацијата и многуте цивили кои се засолнуваат под нивни објекти.
-
Свет 30.01.2025 08:45
Над 500 илјади раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Газа
Денеска треба да бидат ослободени уште тројца заложници што ги држи Хамас во замена за палестински затвореници. Во рамки на спогодбата, над 500 илјади раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Појасот Газа.
-
Свет 30.01.2025 08:39
Патнички авион се судри со хеликоптер во близина на аеродромот во Вашингтон
Авион на „Американ ерлајнс“ се судри со хеликоптер на американската армија во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“.
-
Свет 29.01.2025 21:17
Кина и Индија го стопираа купувањето руска нафта
Кина и Индија го прекинаа купувањето на руска нафта во март, бидејќи американските санкции ги зголемуваат трошоците за испорака.
-
Свет 29.01.2025 20:40
Ким Јонг Ун сака да го зајакне нуклеарниот штит
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика да се зајакне нуклеарниот штит на земјата при посетата на постројката за производство на нуклеарен материјал, објавија денеска севернокорејските медиуми.
-
Свет 29.01.2025 20:08
„Мона Лиза“ ќе биде сместена во посебна соба-повисоки цени на влезници во обновениот Лувр
Мона Лиза ќе добие своја нова соба во музејот на уметност Лувр во Париз, што ќе ѝ овозможи уште подобро да биде изложена пред посетителите.
-
Свет 29.01.2025 19:46
Чешка ќе инвестира милијарда евра во биткоин
Шефот на Чешката национална банка сака да инвестира девизни резерви во вредност од милијарди евра во биткоин, во револуционерен потег што може да ја направи Чешка првата западна централна банка што го направила тоа.










