Француските училишта вратија дома десетици девојчиња поради носење на традиционална муслиманска облека.
-
Свет 06.09.2023 12:18
-
Свет 06.09.2023 12:18
Изречена е најтешката казна за нападот во американскиот Конгрес во 2021 година
Изречена е најтешката казна за нападот во американскиот Конгрес во 2021 година. Поранешниот лидер на американската екстремно десничарска група „Горди момчиња“, Енрике Тарио е осуден на 22 години затвор. Минатата недела беа осудени уште четворица членови на групата.
-
Свет 06.09.2023 12:17
Продолжуваат нападите
Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во ненајавена посета на главниот град на Украина. Руски напад со дронови на пристаништето Измаил на Дунав. Едно лице загина, оштетена е инфраструктурата – соопштија властите на оваа област во Одеса.
-
Свет 06.09.2023 09:41
Силна бура го погоди Балканот
Жртви во поплавите во регионот. Во Истанбул загинаа две лица. Неколкумина се исчезнати во провинцијата Киркларели во близина на границата со Бугарија. Спасувачките екипи мораа да интервенираат и во библиотека каде што беа заглавени десетици лица. Подземната железница не функционира.
-
Свет 05.09.2023 20:06
Првата дама на САД позитивна на Ковид
Белата куќа соопшти дека првата дама Џил Бајден била позитивна на Ковид-19, со благи симптоми. Тестот на претседателот Бајден е негативен.
-
Свет 05.09.2023 14:34
Нов руски напад со беспилотни летала во Украина
Руската армија изведе масовен напад со беспилотни летала во Украина. Целта биле пристаништата на југот на земјата низ кои минува украинското жито.
-
Свет 05.09.2023 14:28
Српската опозиција бара итни парламентарни избори
По осумнаесет одржани протести „Србија против насилството“, поради неисполнување на барањата од протестите, проевропската опозицијата во Србија денес на прес-конференција во Собранието побара од властите одржување на итни вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на оваа година.
-
Свет 05.09.2023 11:48
Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос
Предупредувања низ повеќе делови од Грција поради невремето „Даниел“. Најкритично е во Волос. Едно лице го загуби животот, уште едно се води за исчезнато во поплавите. Издадена е и забрана за сообраќај.
-
Свет 05.09.2023 09:41
Возило влета во ресторан во предградие на Хјустон, дваесетина лица се повредени
Автомобил влета во полн ресторан во предградието на Хјустон. Повредени се 23 лица. Полицијата во Роузенберг, Тексас, потврди дека меѓу нив има и неколкумина во критична состојба.
Во тек е истрага за причините за инцидентот. 30-годишниот возач не е меѓу хоспитализираните.
-
Свет 05.09.2023 09:32
Зеленски во посета на војската во Доњецк
Руската противвоздушна одбрана собори украински дронови над Калушка и Москва. Киев, пак, тврди дека силите под негова команда напредуваат во источен и јужен правец. Украинскиот претседател во посета на војската во Доњецк.









