• Свет 04.09.2023 14:59

    Временски непогоди пустошат низ светот

    Ураганот „Дана“ и обилните дождови предизвикаа големи поплави во Шпанија. Едно лице загина, а две се водат за исчезнати. Метрото во Мадрид е под вода. Прекинат е и железничкиот сообраќај.

  • Свет 04.09.2023 13:39

    Приведени две лица во Малме поради горење на куранот

    Полицијата приведе две лица во Малме поради горење на куранот. Пријавени се инциденти во градот.

    Оваа практика предизвика револт и насилни протести во муслиманските земји, напади врз амбасадите на Шведска и закана од исламистички екстремисти.

  • Свет 04.09.2023 13:18

    Нгуема го одржа првиот говор како в.д претседател на Габон

    Предводникот на пучот Нгуема, со кој беше отстранет од власт претседателот Али Бонго, го одржа првиот говор како в.д. претседател на Габон.

  • Свет 04.09.2023 12:41

    Во тек средба Ердоган-Путин посветена на заживување на договорот за извоз на жито

    Договорот за жито – централна тема на средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со рускиот колега Владимир Путин во Сочи.

  • Свет 04.09.2023 11:33

    Нова мутација на вирусот Ковид-19

    Светската здравствена организација ја издвои варијантата „Ерис“, да биде внимателно следена поради мутации што може да ја направат позаразна или потешка за третман, но и да влијае на антителата да го неутрализираат и заобиколат стекнатиот имунитет со претходна инфекција или вакцинација.

  • Свет 04.09.2023 11:25

    Кина: Џинпинг нема да присуствува на Г-20

    Кинескиот претседател, Си Џинпинг, нема да учествува на овонеделниот самит на Групата-20 во Индија, поради замрзнатите билатерални односи. На негово место ќе присуствува премиерот Ли Кианг, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

  • Свет 04.09.2023 09:41

    Екипажот на „Спејс-Х“ успешно слета на земјата

    Екипажот со четворица астронаути на „Спејс-Х“ по 6-месечната мисија помината во Меѓународната вселенска станица изутрината успешно слета во водите на Атлантскиот океан во близина на брегот на Флорида.

  • Свет 04.09.2023 09:39

    Ураганот „Дана“ го блокираше Мадрид

    Ураганот Дана и обилните дождови предизвикаа големи поплави во Шпанија. Метрото во Мадрид е под вода. Прекинат е и железничкиот сообраќај.

    Засега нема информации за жртви и повредени. Властите го вклучија црвениот метеоаларм уште вчера повикувајќи ги жителите да останат во домовите.

  • Свет 04.09.2023 09:37

    Илјадници луѓе заглавени во пустината во Невада

    Едно лице загина, а десетици илјади луѓе и натаму останаа заробени во калта по силното невреме во пустината во Невада каде што се одржуваше фестивалот „Брнинг Мен“.

  • Свет 04.09.2023 09:30

    „Хаикуи“ го погоди Тајван, се движи кон Кина

    Тајван сè уште ги чувствува силните ветрови на тајфунот „Хаикуи“ додека бурата се движи кон Кина.

    Во невремето кое се спушти на јужниот дел од земјата има десетици повредени. Илјадници луѓе се евакуирани, а над 200 илјади домаќинства се без струја.

Pages