Договорот за жито – централна тема на средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со рускиот колега, Владимир Путин во Сочи.
-
Свет 04.09.2023 09:21
-
Свет 03.09.2023 16:40
Невреме во Невада, едно лице настрада на фестивал
Околу 70.000 луѓе се заробени на фестивалот „Брнинг мен“ во Невада поради невреме кое го претвори пустинскиот предел во голема бара со кал.
Влезните и излезните патишта се затворени. Покрената е истрага за смртта на едно лице.
-
Свет 03.09.2023 11:47
Масовни антивладини протести во Израел, судските реформи закана за демократијата
Масовни антивладини протести во Тел Авив 35-та недела по ред. Демонстрантите се против судските реформи кои ги сметаат за закана за демократијата. Според нив, ултрадесничарската влада на премиерот Нетанјаху ја води земјата кон автократија.
-
Свет 03.09.2023 11:04
Десетици повредени во тајфунот „Саола“
Педесетина лица се хоспитализирани во Хонгконг поради повреди од тајфунот „Саола“.
Околу 500 жители побарале засолниште. Затворени се сите училишта и градинки, а откажани се и многу летови.
„Саола“ е деветтиот по ред тајфун годинава во овој регион.
-
Свет 03.09.2023 10:16
Реактивиран сообраќајот на Кримскиот мост
По кусата блокада, повторно е активиран сообраќајот на Кримскиот мост кој ја поврзува континентална Русија со полуостровот.
Властите не ја образложија причината за затворањето, но во последните месеци мостот беше цел на повеќе напади од воздух и море.
-
Свет 03.09.2023 10:06
Масовни антивладини протести во Израел
Масовни антивладини протести во Тел Авив 35-та недела по ред. Демонстрантите се против судските реформи кои ги сметаат за закана за демократијата. Според нив, ултрадесничарската влада на премиерот Нетанјаху ја води земјата кон автократија.
-
Свет 02.09.2023 11:34
Напади од двете страни на границата
Уште една нуклеарна електрана во опасност од вооружените пресметки на Украина и Русија. Две украински беспилотни летала извршиле напад врз рускиот град Курчатов, Курска област, каде што е стационирана ваква централа.
-
Свет 02.09.2023 11:10
Кина: Евакуација поради тајфунот „Саола“
Тајфунот „Саола“ пустоши во јужна Кина. 900 илјади луѓе се евакуирани, повеќето компании, училишта и транспортни услуги се прекинати во Хонгконг и други делови од јужниот дел на земјата.
-
Свет 02.09.2023 10:44
Индија го лансираше своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето
Само две недели по успешното лансирање на беспилотното летало на месечината, Индија ја почна својата прва вселенска мисија за проучување на Сонцето.
-
Свет 02.09.2023 10:38
Минск: Полски хеликоптер го наруши нашиот воздушен простор
Граничната служба на Белорусија соопшти дека полски хеликоптер навлегол во воздушниот простор на земјата.
Според Минск, снимката покажува како леталото се враќа на полска територија откако влетало во зоната која му била недозволена.









