Словачка ќе распореди до 500 војници за да и помогне на полицијата да го контролира зголемениот проток на мигранти кои доаѓаат преку границата од Унгарија, изјави денеска словачкиот премиер Људовит Одор.
-
Свет 06.09.2023 19:53
-
Свет 06.09.2023 14:49
Десетици загинати во тропски циклон во Бразил
Над 20 лица загинаа како последица на тропскиот циклон што го зафати јужниот дел на Бразил.
Прогласена е вонредна состојба во повеќе од 20 градови, а 15.000 луѓе се евакуирани.
-
Свет 06.09.2023 14:08
Блинкен во ненајавена посета на Киев
Американскиот државен секретар Блинкен во ненајавена посета на Киев на средби со клучни официјални лица на Украина, меѓу ниви претседателот Зеленски и министерот за надворешни работи Кулеба.
-
Свет 06.09.2023 12:18
Училиштата во Франција вратија дома десетици девојчиња поради носење на абаи
Француските училишта вратија дома десетици девојчиња поради носење на традиционална муслиманска облека.
-
Свет 06.09.2023 12:18
Изречена е најтешката казна за нападот во американскиот Конгрес во 2021 година
Изречена е најтешката казна за нападот во американскиот Конгрес во 2021 година. Поранешниот лидер на американската екстремно десничарска група „Горди момчиња“, Енрике Тарио е осуден на 22 години затвор. Минатата недела беа осудени уште четворица членови на групата.
-
Свет 06.09.2023 12:17
Продолжуваат нападите
Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во ненајавена посета на главниот град на Украина. Руски напад со дронови на пристаништето Измаил на Дунав. Едно лице загина, оштетена е инфраструктурата – соопштија властите на оваа област во Одеса.
-
Свет 06.09.2023 09:41
Силна бура го погоди Балканот
Жртви во поплавите во регионот. Во Истанбул загинаа две лица. Неколкумина се исчезнати во провинцијата Киркларели во близина на границата со Бугарија. Спасувачките екипи мораа да интервенираат и во библиотека каде што беа заглавени десетици лица. Подземната железница не функционира.
-
Свет 05.09.2023 20:06
Првата дама на САД позитивна на Ковид
Белата куќа соопшти дека првата дама Џил Бајден била позитивна на Ковид-19, со благи симптоми. Тестот на претседателот Бајден е негативен.
-
Свет 05.09.2023 14:34
Нов руски напад со беспилотни летала во Украина
Руската армија изведе масовен напад со беспилотни летала во Украина. Целта биле пристаништата на југот на земјата низ кои минува украинското жито.
-
Свет 05.09.2023 14:28
Српската опозиција бара итни парламентарни избори
По осумнаесет одржани протести „Србија против насилството“, поради неисполнување на барањата од протестите, проевропската опозицијата во Србија денес на прес-конференција во Собранието побара од властите одржување на итни вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на оваа година.









