• Свет 27.08.2023 11:00

    Убиства од омраза во Џексонвил

    Америка повторно во грч, по најновото убиство од омраза. Маж застрела тројца Афроамериканци, двајца мажи и жена, во продавница во градот Џексонвил на Флорида.

  • Свет 27.08.2023 10:18

    Скандал на клиника за плодност во Крит

    Неколку членови на клиника за плодност во Грција се уапсени во изминатите две недели под обвинение за трговија со луѓе што вклучува сурогат мајчинство и трговија со јајцеклетки.

  • Свет 27.08.2023 10:17

    И натаму жестоки битки јужно од Картум

    Жестоки битки и натаму јужно од Картум. По вчерашната експлозија како резултат на бомбардирање на позициите на Силите за брза поддршка во близина на аеродромот во главниот град на Судан, борбите продолжија меѓу суданската армија и ривалските паравоени сили.

  • Свет 27.08.2023 10:06

    Во Флорида застрелани Афроамериканци

    Вооружен напаѓач уби тројца Афроамериканци, а потоа се самоуби во Џексонвил, Флорида. Според властите, нападот имал расна основа. Човекот, опишан како белец и во неговите рани 20-ти, влегол во продавница и отворил оган, по што предизвикал судир со полицијата.

  • Свет 27.08.2023 10:01

    Уништени украински дронови над регионите Брјанск и Курск

    Москва извести дека соборила две украински беспилотни летала над регионите Брјанск и Курск. Од друга страна, украинската армија соопшти дека Русија во текот на ноќта извршила напад врз Киев и други делови на Украина. Сирените за воздушна тревога се огласија и во други региони.

  • Свет 27.08.2023 09:57

    Еден загинат и десетици повредени во експлозии на бензинска пумпа во Романија

    Едно лице загина, а десетици се повредени, меѓу кои и неколку пожарникари, откако синоќа се запали бензинска пумпа во село на околу 30 километри северно од Букурешт. Неколку домови беа евакуирани од областа. На пожарот му претходеа две експлозии.

  • Свет 26.08.2023 17:42

    Земјотрес го стресе Кахраманмарас во Турција

    Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди турскиот Кахраманмарас, место кое претрпе разорен земјотрес претходно оваа година.

  • Свет 26.08.2023 12:35

    Хунтата во Нигер му нареди на францускиот амбасадор да ја напушти земјата

    Воениот врв кој ја презема власта во Нијамеј, му нареди на францускиот амбасадор во Нигер во рок од 48 часа да ја напушти земјата. Франција, другите европски земји и САД вложија стотици милиони долари за опрема и обука за војската на Нигер.

  • Свет 26.08.2023 12:14

    Ракетата „Спејс Икс“ тргна кон вселенската станица

    Четворица астронаути од четири земји патуваа во ракетата „Спејс Икс“ кон меѓународната вселенска станица.

    Првичното лансирање претходно неделава беше запрено од НАСА и Spacex за справување со долготрајните проблеми.

  • Свет 26.08.2023 12:12

    Повеќемина загинати во пожар на железничка станица во Индија

    Загинати и повредени во пожар во стационарен возен оддел на железничка станица во јужна Индија.

    Пожарот избувнал околу 5 часот изутрината и горел два часа пред пожарникарите да успеат да го изгаснат. Пожарот го предизвикала плинска боца што ја прошверцувале некои патници.

Pages