Две момчиња загинаа во престрелка во Футог, Војводина. Момчињата на возраст од 19 и 20 години биле застрелани поради нерасчистени односи.
Новосадската полиција уапси четворица осомничени за убиствата.
Се работи на расчистување на инцидентот.
Две момчиња загинаа во престрелка во Футог, Војводина. Момчињата на возраст од 19 и 20 години биле застрелани поради нерасчистени односи.
Новосадската полиција уапси четворица осомничени за убиствата.
Се работи на расчистување на инцидентот.
Пожарникарите и натаму се борат со силниот ветер и топлото време во обид да ги скротат повеќекратните шумски пожари што ја пустошат Грција.
Жариштето во североисточниот дел на земјата, според властите, е најголемиот пожар регистриран во Европската унија.
Прелиминарната проценка на американското разузнавање заклучи дека авионската несреќа за која се претпоставува дека загинал рускиот водач на „Вагнер“ Евгениј Пригожин била намерно предизвикана од експлозија.
Руската противвоздушна одбрана уништила 42 украински дронови над Крим и една ракета над Калушката област. САД најавија дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се предаде синоќа во затвор во округот Фултон, Џорџија, како дел од судењето против него за обид за кражба на резултатот од изборите во оваа сојузна држава по претседателските избори во 2020-та година.
Во очекување на предавањето на Трамп на судските власти на Џорџија, кандидатите на републиканците, на првата дебата во Ајова, си разменија високи тонови на осуда. Поддршката на САД за Украина, правата за абортус и иднината на републиканците доминираа на соочувањето.
Натчовечки напори во битката со огнената стихија во Грција. Утринава е евакуирана населба во Атика.
Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС. Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Египет и Етиопија ќе се приклучат на БРИКС од 2024 година.
Најмалку пет лица загинаа, а неколкумина се ранети во престрелка во познат моторџиски бар во кањонот Трабуко во близина на Лос Анџелес.
Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС, меѓу нив Иран и Саудиска Арабија, објави јужноафриканскиот претседател Рамафоса на самитот во Јоханесбург.