По шест години, граѓаните на Јужна Кореја учествуваат во вежби за противвоздушна одбрана. 20-минутната вежба почна со огласување на сирената за воздушен напад која ги предупреди луѓето да се евакуираат во засолниште.
-
Свет 23.08.2023 15:03
-
Свет 23.08.2023 14:58
Индија испиша историја, вселенското летало успешно слета на Месечината
Индија испиша историја. Вселенското летало Чандрајан-3 успешно слета во близина на јужниот пол на Месечината.
-
Свет 23.08.2023 14:44
Втор ден состанок на „БРИКС“ во Јужна Африка
Втор ден состанок на членовите на групата БРИКС во Јужна Африка. Самитот е прва средба лице в лице на лидерите на БРИКС по пандемијата. Главни теми се приемот на нови членки, климата. На самитот преку видеоконференција учествува рускиот Владимир Путин.
-
Свет 23.08.2023 14:23
Шумски пожари ја пустошат Грција, евакуирани стотици луѓе
Стотици пожарникари од синоќа се обидуваат да го локализираат шумскиот пожар во предградие на Атина. Уништени се неколку куќи, а огромното жариште и се приближува на планината Парнита каде што се наоѓа и радарската база на грчкото воено воздухопловство.
-
Свет 23.08.2023 12:56
Втор ден на самитот „БРИКС“
Втор ден состанок на членовите на групата БРИКС во Јужна Африка. Самитот е прва средба лице в лице на лидерите на БРИКС по пандемијата. Главни теми се приемот на нови членки, климата. На самитот преку видеоконференција учествува рускиот Владимир Путин.
-
Свет 23.08.2023 12:33
Индиското летало Чандрајан 3 ќе се обиде да слета на јужниот пол на месечината
Втор обид на Индија да слета на Месечината. Мисијата се смета за клучна за истражувањето на овој природен сателит и да се истражи дали има воден мраз на Месечината.
-
Свет 23.08.2023 09:40
Шумски пожари во близина на Александропулос
Пожарникарите пронајдоа 18 тела додека ја пребаруваа областа на големиот шумски пожар во североисточна Грција кој гори надвор од контрола четврти ден.
-
Свет 23.08.2023 09:39
Трамп в четврток ќе се предаде во Џорџија
Поранешниот претседател Трамп рече дека ќе им се предаде на властите во Џорџија в четврток за да се соочи со обвиненијата во случајот со кој се обвинува за незаконско планирање да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020 година.
-
Свет 23.08.2023 09:37
Москва повторно цел на напади со дронови
Шеста ноќ по ред Москва цел на воздушни напади со беспилотни летала. Противвоздушната одрана соборила три дрона. Рано изутрината, беспилотно летало удрило во зграда во изградба во центарот на Москва. Во меѓувреме, украинските сили евакуираа жители заробени во југоисточното село Роботин.
-
Свет 23.08.2023 09:35
Рамафоса: БРИКС ќе создаде посилни врски меѓу нациите
Претседателот на јужна Африка, Рамафоса, ја повтори позицијата на јужна Африка во однос на проширувањето на БРИКС. Ги повика светските економии да го земат в предвид потенцијалот на Африка.










