„Луна-25“ не успеа, удри во месечината. Леталото влезе во непредвидена орбита, гласеше кусото соопштение на руската вселенска агенција Рускосмос. Со сондата бил изгубен секаков контакт.
-
Свет 20.08.2023 16:21
-
Свет 20.08.2023 13:15
Евакуирани околу 35.000 луѓе во Канада
Шумските пожари во Западната канадска провинција Британска Колумбија се интензивираа. за околу 35.000 луѓе има наредба за евакуација.
-
Свет 20.08.2023 12:20
Руски ракетен напад во украинскиот град Чернихив, седум загинати
Седум лица загинаа, а беа ранети стотина во руски ракетен напад во украинскиот град Чернихив. Нападот се случи кога украинскиот претседател Зеленски пристигна во Шведска по учеството на Самитот на НАТО во Литванија минатиот месец. Оштетени се згради и автомобили.
-
Свет 20.08.2023 09:58
Ураганот „Хилари“ намален на невреме од втора категорија
Ураганот „Хилари“ беше намален на невреме од втора категорија додека се движеше кон долна Калифорнија во Мексико.
„Хилари“ ослабна од ураган од голема категорија 3 до бура од категорија 2 и се очекува дополнително да ослабне додека се движи кон север.
-
Свет 20.08.2023 09:54
Борбени авиони полетаа како предупредување до Кина
Тајвански борбени авиони беа забележани како полетуваат од базите низ островот во време на тековни воени вежби што ги одржува Кина.
-
Свет 20.08.2023 09:49
Делегацијата на Ековас на средба со хунтата
Делегација од западноафриканскиот регионален блок на средба со водачот на хунтата на Нигер со цел смирување на состојбата во земјата. Ековас на 10 август нареди распоредување сила на подготвеност за да се врати уставното владеење во Нигер.
-
Свет 20.08.2023 09:40
Седуммина загинати по руски ракетен напад во Чернихив
Седум лица загинаа, а беа ранети стотина во руски ракетен напад во украинскиот град Чернихив. Нападот се случи кога украинскиот претседател Зеленски пристигна во Шведска по учеството на самитот на НАТО во Литванија минатиот месец.
-
Свет 19.08.2023 16:52
Ураганот „Хилари“ му се заканува на Мексико
Ураганот „Хилари“ се приближи до Мексико во Пацификот како моќна бура од четврта категорија. 18.000 војници во состојба на готовност. На земјата и се закануваат поројни дождови во пограничниот град Тихуана, кој е подложен на свлечишта.
-
Свет 19.08.2023 14:19
Украинската противвоздушна одбрана соборила 15 беспилотни летала
Украинската противвоздушна одбрана соборила 15 беспилотни летала од иранско производство во текот на ноќта, соопшти војската. Руското Министерство за одбрана тврди дека пресретнале украинска ракета над Крим. Претходно беше прогласена воздушна тревога за напади на целата територија на Украина.
-
Свет 19.08.2023 13:51
Кина со воени вежби во Тајван поради посетата на тајванскиот потпретседател на САД
Одново тензии околу Тајван. Кинеската војска почна воени вежби во близина на островот како предупредување за посетата на потпретседателот Вилијам Лаи на САД и Парагвај. Владејачката Комунистичка партија на копното тврди дека Тајван нема право да води надворешни политики.










