Тропската бура „Харолд“ го зафати јужниот брег на Тексас, каде се очекува да донесе ветар со брзина и до 80 километри на час во областите долж границата меѓу САД и Мексико.
Се очекува невремето да предизвика обилни количества дожд и поплави.
Тропската бура „Харолд“ го зафати јужниот брег на Тексас, каде се очекува да донесе ветар со брзина и до 80 километри на час во областите долж границата меѓу САД и Мексико.
Се очекува невремето да предизвика обилни количества дожд и поплави.
Јужна Африка од денеска до 24-ти август е домаќин на самитот БРИКС на најголемите економии во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Руската противвоздушна одбрана соборила украински беспилотни летала во близина до Москва и над областа Брјанск. Оштетени се фасадата и прозорците на зграда од 25-ката, како и голем број автомобили. Воздушниот простор над рускиот главен град беше привремено затворен.
Грција се бори со нов бран пожари. Од противпожарната служба велат дека во моментов има девет активни фронтови. Вчера беше издадена наредба за евакуација на болницата во Александрополис, пристаништен град во североисточна Грција, каде пожарите беснеат веќе четврти ден по ред.
Јужна Африка од денеска до 24-ти август е домаќин на самитот БРИКС на големите економии во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Доналд Трамп ќе им се предаде на властите во Џорџија во четврток. Претходно судијата одреди кауција во износ од 200 илјади долари за поранешниот американски претседател во случајот против него. Тој е обвинет дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.
Претседателот Џо Бајден и првата дама во посета на Мауи по катастрофалните пожари што го зафатија западниот дел на Хавајскиот Остров. Двојката на средби со луѓето кои работат на санирање на штетите и со локалните власти.
Руската противвоздушна одбрана соборила четири украински беспилотни летала во близина на Москва и над областа Брјанск, која граничи со Украина. Воздушниот простор над рускиот главен град беше привремено затворен.
Сопственикот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин го објави своето прво видео откако организираше краткотраен бунт против претставниците на одбраната во Русија. Според светските медиуми, видеото е снимено во Африка.
42 авиона Ф-16 од Холандија и 19 од Данска ќе бидат испорачани во Украина, потврдија и двете земји. Зеленски ја нарече одлуката историска.