Тајванската војска изведе вежби во близина на плажа кај Тајпеј. Се симулира напад од Кина врз островот.
Маневрите се дел од неделните воени вежби, во период кога Пекинг го зголемува политичкиот притисок врз Тајван
Тајванската војска изведе вежби во близина на плажа кај Тајпеј. Се симулира напад од Кина врз островот.
Маневрите се дел од неделните воени вежби, во период кога Пекинг го зголемува политичкиот притисок врз Тајван
Армијата во западноафриканската држава Нигер изврши државен удар. Суспендирани се сите институции, границите на државата се затворени. Претседателот Мохамед Базоум е задржан во палатата во главниот град Ниамеј од претседателските гардисти.
Советот за безбедност на ОН инсистира Русија да запре со нападите врз локациите со храна и со културолошка вредност. Руските проектили уништија црква и неколку историски објекти во Одеса. Во нападот имаше и загинати и повредени.
Триесет и едногодишен маж загина кај Тиват од високите бранови во кои беа повредени уште три лица. Состојбата на море поради силниот ветер се уште е ризична.
Новото невреме во Словенија донесе и снег на дел од планините.
Товарен брод со околу 3.000 автомобили се запали покрај холандскиот остров Амеланд. Има загинати и повредени.
Утре се одбележува 70-годишнината од Денот на победата во Пјонгјанг, каде што се очекува голема воена парада. Руска делегација предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја, придружувајќи се на кинеската група.
Додека поголемиот дел од Балканот се справува со штетите од силното невреме, портокалово предупредување е издадено во неколку држави за изобилни врнежи проследени со грмежи и силен ветер. Грчките острови пак, цела седмица се зафатени од пламени јазици.
Тајванската армија спроведе противвоздушна вежба на аеродромот во Таојуан. Меѓународниот аеродром е важна воздушна врска на Тајван со другите земји. На еден час беше прекинат комерцијалниот воздушен сообраќај.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека корупцијата во земјата нема да се толерира. Во своето ноќно видеообраќање, ги потенцираше двата случаи, апсењето на армискиот офицер за регрутирање, обвинет за масовна проневера и заменик обвинет за соработка со Русија.
Една недела грчките острови се зафатени од пламени јазици. Три лица загинаа, меѓу кои двајца пилоти на канадерот што се урна вчера. Прогласена тридневна жалост.