• Свет 26.07.2023 09:41

    Не стивнуваат пожарите на грчките острови, тридневна жалост во Грција

    Една недела грчките острови се зафатени од пламени јазици. Три лица загинаа, меѓу кои двајца пилоти на канадерот што се урна вчера. Прогласена тридневна жалост.

  • Свет 25.07.2023 14:43

    Јапонскиот премиер Фумио со критики до Северна Кореја

    Јапонскиот премиер Кишида Фумио со критики до Северна Кореја поради последните тестирања на балистички ракети.

    Вети дека ќе соработува со САД и со Јужна Кореја за да одговорат соодветно на ситуацијата. Според Токио, ракетите паднале во близина на ексклузивна економска зона на Јапонија.

  • Свет 25.07.2023 14:07

    Нови руски воздушни напади со дронови врз Киев

    Со камикази-дронови руските сили ги погодија украински пристаништа на Рени и Исмаил на Дунав, неколку стотици метри од Романија, членка на НАТО. Нови руски воздушни напади со дронови и врз Киев. Украинското воздухопловство тврди дека успеале да ги соборат сите беспилотни летала.

  • Свет 25.07.2023 12:24

    Елементарини непогоди низ Европа

    Силно невреме го опустоши Берлин. Поплавени улици, откорнати дрвја. Невремето се спушти и на северот од Италија. Ломбардија претрпе сериозни штети. Во бурата има загинати и повредени. На југот од земјата и натаму гори. Аеродромот Палермо на Сицилија остана затворен.

  • Свет 25.07.2023 09:29

    Сирените за тревога повторно се огласија во Киев

    Нови руски воздушни напад со дронови врз Киев. Украинското воздухопловство тврди дека успеале да ги соборат сите беспилотни летала. Сирени за опасност од балистички напади се огласија и во источните и југоисточните делови од земјата.

  • Свет 25.07.2023 09:27

    Невреме на Балканот, земјотрес во Турција

    Ново невреме со грмотевици и ветришта од 100 километри на час синоќа ја зафати Словенија и дел од Хрватска. Паѓаше и град со големина на орев. Хрватските пожарникари цела ноќ гасеа и пожари во близина на Дубровник кои се закануваа да ги пеплосаат куќите во близина.

  • Свет 25.07.2023 09:13

    Продолжува хаосот по изгласаниот закон во Израел

    Хаосот на улиците во Израел и натаму владее откако полицијата со водени топови успеа делумно да ги растера демонстрантите кои останаа и по полноќ да протестираат по усвојувањето на спорниот закон за реформи во судството предложен од премиерот Нетанјаху.

  • Свет 24.07.2023 19:06

    Израелскиот Парламент го усвои клучниот закон за спорните реформи во судскиот систем

    Кнесетот во Израел одобри клучен дел од планот на премиерот Нетанјаху за преобликување на правосудниот систем и покрај неколкумесечните масовните протести.

    Гласањето следеше по бурната седница и демонстрации пред Парламентот.

  • Свет 24.07.2023 17:41

    Не стивнуваат пожарите во Грција, предупредувања се издадени за пет региони

    Не стивнуваат пожарите во Грција. Предупредувања се издадени за пет региони. Досега се евакуирани повеќе од 30.000 луѓе.

  • Свет 24.07.2023 13:59

    Москва нападната со украински дронови

    Напад со беспилотни летала врз Москва. Оштетени згради. Според руската војска, еден од дроновите бил откриен над центарот, а другиот над јужниот дел од градот. Леталата биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана.

Pages