Над 50 загинати и уште толку повредени во самоубиствен бомбашки напад на верски собир во западен Пакистан. Засега никој не презеде одговорност за нападот.
-
Свет 29.09.2023 12:29
-
Свет 29.09.2023 12:00
Зеленски: Украина заслужува да стане членка на НАТО
Руски ракети погодија инфраструктурен објект во Миколаев. Противвоздушната одбрана тврди дека уништиле 11 украински дронови над регионите Курск и Калушка. Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, за време на ненајавената посета изјави дека Киев напредува во контраофанзивата.
-
Свет 29.09.2023 09:33
Полициска акција во Косовска Митровица
Со оклопни возила и специјалци, косовската полиција врши претреси во северниот дел на Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток во неколку објекти. Според властите, во тек е полициска акција во врска со последните настани во Бањска, засега нема уапсени.
-
Свет 29.09.2023 09:24
Шведскиот премиер побара помош од војската по порастот на насилствата со криминалните банди
Шведскиот премиер ја повика војската напомош по порастот на насилствата поврзани со криминалните банди. Реакцијата следи откако за 12 часа двајца мажи беа убиени близу Стокхолм, а 25-годишна жена загина во експлозија во зграда во северниот дел на земјата.
-
Свет 29.09.2023 09:24
ООН: Повеќе од 2.500 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат до Европа
Повеќе од 2.500 мигранти загинале или исчезнале од почетокот на годината, обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море, велат од комесаријатот за бегалци на ООН. Бараат медитеранските држави итно да ги засилат напорите за пребарување и спасување.
-
Свет 29.09.2023 09:21
Над 84.000 луѓе од Нагорно-Карабах пристигнале во Ерменија
Над 84.000 луѓе го напуштија Нагорно-Карабах и пристигнале во Ерменија. Премиерот Пашинјан верува дека за неколку дена во Нагорно-Карабах нема да има Ерменци.
-
Свет 29.09.2023 09:19
НАТО потпиша договор за 2,4 милијарди евра за муниција за Украина
Руските системи за противвоздушна одбрана синоќа уништиле 11 украински беспилотни летала над регионите Курск и Калушка. Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, за време на ненајавената посета на Киев, изјави дека Киев добива сила во контраофанзивата.
-
Свет 28.09.2023 20:07
Пукотници во Ротердам, има загинати
Пукотници во Ротердам. 32-годишен осомничен кој бил на мотоцикл облечен во војничка опрема отворил оган во медицинскиот центар Еразмус и во куќа околу 14 часот попладне.
По што на двете локации избил пожар.
-
Свет 28.09.2023 18:02
Косово со резолуција бара меѓународна истрага за нападот во Бањска
Косовската полиција го зголеми присуството на северот по инцидентот викендов во којшто полицаец и неколку напаѓачи од српска националност беа убиени во село кај Звечан. На терен е мирно, но ситуацијата останува напната.
-
Свет 28.09.2023 16:42
Австрија бара забрзана интеграција на Западен Балкан во ЕУ
Австрија бара побрза евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. Министрите за надворешни работи и за европски прашања, Шаленберг и Едштадлер со писмо го повикуваат Брисел да има јасен план за побрза интеграција до 2024-та.










