Расте бројот на загинати во железничката несреќа во Грција. Патнички и товарен воз се судрија околу полноќ, во Темпи, централна Грција, во близина на Лариса. Премиерот Мицотакис прогласи тридневна жалост во земјата.
-
Свет 01.03.2023 12:20
-
Свет 01.03.2023 11:43
Кина: Одбиваме политички манипулации, САД да ја почитуваат науката
Кина ги отфрла политичките манипулации за потеклото на Ковид-19. Портпаролката на кинеското МНР побара САД да ја почитуваат науката и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот.
-
Свет 01.03.2023 10:03
Голема железничка несреќа во Грција, има настрадани
Најмалку 32 лица загинаа. Патнички и товарен воз се судрија околу полноќ, во Темпи, централна Грција, во близина на Лариса. Има над 80 повредени. Најмалку 25 имаат сериозни повреди.
-
Свет 01.03.2023 09:57
Поддршка од САД за средбата меѓу Косово и Србија
Стејт департментот ја поздрави средбата меѓу лидерите на Косово и Србија и изрази поддршка за нормализирање на односите меѓу двете земји. Според американските власти, средбата била добар чекор напред, но останува тешка работа.
-
Свет 01.03.2023 09:57
Продолжуват нападите околу Бахмут
Се засилува интензитетот на битките околу Бахмут. Претседателот на Украина, Зеленски, во своето редовно обраќање рече дека Русија воопшто не ги брои своите луѓе, туку постојано ги праќа да ги напаѓаат украинските позиции.
-
Свет 28.02.2023 20:59
Земјотрес во Албанија со јачина од 4,1 степен
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри од Елбасан на длабочина од два километри. Засега нема информации за евентуални жртви или за материјална штета.
-
Свет 28.02.2023 14:26
Вучиќ и Курти постигнаа договор за европскиот план, преговорите за имплементација продолжуваат
Александар Вучиќ, Албин Курти и Жозеп Борел на 18 март во Северна Македонија ќе водат разговори за имплементација на европскиот предлог-договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово откако синоќа во Брисел се согласија деке не се потребни натамошни разговори и дека тоа е рамката за но
-
Свет 28.02.2023 12:39
Казна за гледање холивудски или јужнокорејски филмови
Северна Кореја воведува казна позната како „Инминбан“. Родителите чиишто деца гледаат холивудски или јужнокорејски филм ќе поминат шест месеци во логор за принудна работа, а санкии кои би можеле да траат и до пет години се предвидени и за децата.
-
Свет 28.02.2023 12:36
Белата куќа забрани Тик-ток на уредите на сојузните агенции
Белата куќа забрани Тик-ток на уредите на сојузните агенции. „Апликацијата мора да се отстрани во рок од 30 дена“, објави Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа. Конгресот ја смета за закана за националната безбедност бидејќи нејзин сопственик е кинеската компанија „Бајт денс“.
-
Свет 28.02.2023 12:34
Талибанците тврдат дека го убиле клучниот лидер на ИД
Авганистанските талибанци тврдат дека е убиен воениот и разузначакиот шеф на Исламска Држава во Кабул, одговорен за напади врз дипломатски мисии, џамии и други цели. Покрај Кари Фатех, во операцијата беа застрелани и други членови на организацијата.










