• Свет 15.05.2023 09:20

    Едно лице загина во пожар во болница во Мадрид

    Шеесет и осумгодишен маж почина од вдишување чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болница во Мадрид. Пожарот избувнал во просторијата во која загинал мажот и било спречено негово ширење, на петтиот кат од објектот. Во тек е истрага за причините за пожарот.

  • Свет 15.05.2023 09:17

    Продолжуваат битките во Бахмут

    Се разгоруваат битките во Бахмут. Франција им ветува на Украинците десетина оклопни возила и тенкови. Европската Унија и Г7 забранија увоз на руски гас на рутите на кои Москва лани ги прекина испораките.

  • Свет 15.05.2023 09:10

    Ердоган и Киличдароглу одат во втор круг

    Ердоган и Киличдароглу одат во втор круг. Претседателските кандидати на Турција не го минаа прагот од 50 отсто потребен за да се избегне дополнителното гласање, кое најверојатно ќе се одржи на 28-ми мај.

  • Свет 14.05.2023 22:27

    Ердоган во водство на изборите во Турција

    Претседателски и парламентарни избори во Турција. Жестока битка водеа актуелниот претседател Ердоган и кандидатот на опозицијата Киличдароглу. Изборите донесоа голема неизвесност.

  • Свет 14.05.2023 14:10

    Турските граѓани денеска гласаат на претседателски и парламентарни избори

    Исходот од претседателските и парламентарните избори во Турција одлучувачки за иднината на земјата во услови на економски предизвици, инфлација и обнова на погодените региони од катастрофалните земјотреси.

  • Свет 14.05.2023 14:06

    Во Албанија избори за градоначалници и советници

    Во Албанија се одржуваат локални избори на кои граѓаните избираат нови градоначалници и 1.063 членови на советите во 61 општина. Гласањето поминува непречено, со одредени проблеми околу функционирањето на апаратите за електронска идентификација, во неколку избирачки места.

  • Свет 14.05.2023 13:55

    Презентирано предаденото оружје во Србија

    Недалеку од Смедерево беа изложени 13.500 парчиња нерегистрирано оружје, муниција и мини-експлозивни направи што Србите ги предале на властите.

  • Свет 14.05.2023 11:53

    Кревко примирје меѓу Палестина и Израел

    Прекин на огнот меѓу Израел и Исламски џихад постигнат со посредништвото на Египет за крај на петдневните жестоки борби не се почитува во целост. Двете страни си разменија оган набргу по објавувањето на договорот. Ракети летаа од и кон Појасот Газа.

  • Свет 14.05.2023 11:47

    Зеленски во посета на Берлин

    Под силни безбедносни мерки, украинскиот претседател пристигна во Берлин на средби со државниот врв. На одделни локации беше пречекан од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и од премиерот Олаф Шолц.

  • Свет 14.05.2023 09:58

    Во Турција претседателски и парламентарни избори

    Турција избира претседател и парламентарен состав. Над 64 милиони гласачи решаваат за својата иднина во услови на економска криза, висока инфлација и обновување на земјата по катастрофалните земјотреси. Над 5 милиони гласачи го остваруваат своето право на глас за првпат.

Pages