Кинески производител на метеоролошки балони негира каква било поврзаност со балонот што Соединетите држави го соборија на почетокот на месецов и наведува дека не е воена компанија.
-
Свет 25.02.2023 17:35
-
Свет 25.02.2023 14:35
Зимска бура во Калифорнија
Зимската бура во САД се засили над Калифорнија и поттикна предупредување за снежна бура за делови од областа на Лос Анџелес во последните 30 години. Силни снежни виулици и дождови покрај Калифорнија ги погодија и другите сојузни држави во западниот дел на САД.
-
Свет 25.02.2023 10:15
Над 50.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија
Бројот на загинатите во земјотресот што на почетокот на месецот го погоди југот на Турција во близина на границата со Сирија надмина 50 илјади, покажуваат најновите податоци од двете земји.
-
Свет 25.02.2023 10:10
Одобрен десеттиот пакет санкции против Русија, продолжуваат воените дејствија во Украина
Европската унија го усвои десеттиот пакет санкции против Русија. Шведското претседателство соопшти дека земјите-членки ги вовеле најсилните и најдалекусежни санкции досега за да ѝ помогнат на Украина да победи во војната.
-
Свет 24.02.2023 12:44
Столтенберг: Напредок во преговорите Шведска-Турција
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, рече дека гледа напредок во преговорите на Шведска со Турција за членство во НАТО и дека има за цел и Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата до самитот во јули.
-
Свет 24.02.2023 09:48
Американски милијардер пронајден мртов
Американскиот милијардер Томас Еј Ли бил пронајден мртов во својата канцеларија во Њујорк.
Во моментот на неговата смрт тој вредел 2 милијарди долари.
Ли наводно починал од прострелна рана што си ја нанел во својата канцеларија на Менхетен. Полицијата не ги потврди наводите.
-
Свет 24.02.2023 09:47
Милион луѓе ширум САД се без струја поради зимска бура
Речиси милион луѓе ширум САД се без струја поради снежна зимска бура. Еден пожарникар загина во Мичиген, а вкупно 13 милиони се на удар на невремето.
-
Свет 24.02.2023 09:47
Во Турција за еден час регистрирани 5 земјотреси
Дури пет земјотреси се регистрирани изутрината во Турција, за само еден час. Првиот и најсилен земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, по што следеле серија послаби земјотреси.
-
Свет 24.02.2023 09:47
Истрелани крстосувачки ракети во Северна Кореја
Северна Кореја тестираше четири стратешки крстосувачки ракети за со цел да ја покаже способноста на земјата да изврши нуклеарен контранапад против непријателските сили.
-
Свет 24.02.2023 08:59
Една година од Руско-украинскиот конфликт
Една година, Европа живее во нова реалност откако големите украински градови, вклучително и Киев беа нападнати од Русија од земја, воздух и море. 12 месеци, стравот од војна е секојдневие, а економската стабилност предизвик.









