Американски „Џонсон Контролс“ повторно инвестира во Mакедонија. Попладнево компанијата потпишува договор за изградба на втората фабрика во земјава, во Струмица. Слично како и во Штип, и во струмичката зона ќе се произведуваат навлаки за седишта за автомобилската индустрија.
-
Економија 27.01.2016 14:16
-
Економија 27.01.2016 12:10
Расте кредитирањето и на компаниите и на граѓаните
Банките лани им одобриле на приватните фирми 395,4 милиони евра кредити, што е за 9,5% повеќе во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци што ги објави Централната банка.
-
Економија 27.01.2016 10:44
Три нови авиолинии од скопскиот аеродром
Од аеродромот „Александар Велики“ од денеска три нови авиолинии, директно кон Копенхаген, Братислава и Берлин.
На промоцијата ќе присуствува министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, како и претставници на авиокомпанијата „Визер“ и на „ТАВ Македонија“.
-
Економија 26.01.2016 16:49
Нов погон на „Ван Хул“ во Бунарџик
Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ ќе инвестира уште 15 милиони евра во постојниот свој производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во наредните четири години и најави отворање на дополнителни 400 работни места. Изградбата на објектот ќе почне следниот месец.
-
Економија 26.01.2016 16:38
Дали падот на нафтата ќе ги намали цените на производите во малопродажба?
Компаниите почнаа да ги прават пресметките. Од Сојузот на стопанските комори (ССК) велат дека пониската цена на нафтата, како важен инпут во формирањето на продажните цени, се очекува да предизвика поевтинување и на другите производи.
-
Економија 26.01.2016 16:02
Напредни ИТ обуки за нови вработувања
Со напредни ИТ обуки до нови вработувања и поголема конкурентност на пазарот на трудот. Во тек се два јавни повика за стекнување знаења и вештини од областа на компјутерските техники. 270 невработени ќе можат да се стекнат со меѓународно признати сертификати.
-
Економија 26.01.2016 15:15
Ван Хул отвора втора фабрика во Македонија
Белгиската компанија Ван Хул ќе отвори нова фабрика во Македонија во која ќе се произведуваат автобуси и за европскиот пазар, во првата веќе се произведуваат за американските клиенти.
-
Економија 26.01.2016 13:09
Објавен тендер за гасоводот Скопје- Тетово- Гостивар
Објавен е оглас за изградба на делницата на магистралниот гасовод Скопје- Тетово-Гостивар во должина од 76 километри. Проценетата вредност на договорот е 1,9 милијарди денари или околу 30 милиони евра.
-
Економија 26.01.2016 11:32
Нафтата се симна под 30 долари за барел
По дводневен раст цената на суровата нафта на азиските берзи се врати на ниво под 30 долари за барел.
-
Економија 25.01.2016 16:33
Платите во слободните зони слични на просекот во индустриските гранки
Платите во слободните економски зони не отстапуваат многу од просекот исплатен во соодветните индустриски гранки надвор од ТИРЗ-овите.










