Почна да работи првата фабрика за изработка на фотоволтаични соларни и термални панели. Домашна инвестиција на 1.500 квадрати со годишен капацитет од 20 мегавати производство на монокристални и поликристални соларни модули.
-
Економија 23.05.2018 15:51
-
Економија 23.05.2018 15:05
„Минстрој“ тврди дека има подобар план за „Фени“
Бугарски „Минстрој“ бара „Фени“ да оди на аукција. Нуди целосен откуп на побарувањата на сите доверители на комбинатот, 30 милиоини евра за инвестиции во ремонт и обнова на двете печки, повторно отвoрање на рудникот „Ржаново“, 300 нови вработувања. За тоа ќе понудат банкарски гаранции.
-
Економија 23.05.2018 14:39
Намалени инвестициите во градежниот сектор
Инвестициите во градежниот сектор се намалуваат, предупреди ресорната комора при ССК. Оттаму посочуваат дека во март годинава се издадени за 45,1 процент помалку одобренија за градба во однос на истиот месец лани.
-
Економија 23.05.2018 10:35
Продолжен рокот за поднесување барања за субвенции
По барање на сточарите и на лозарите рокот за поднесувањ барања за субвенции наместо до 16-ти мај, е продолжен до 12-ти јуни 2018-та година.
-
Економија 22.05.2018 16:27
Од ноември рестартирање на „Југохром“
За 4- 5 месеци ќе проработи комбинатот „Југохром- Алзар“ од Јегуновце, а услов е пред тоа да биде изградена и ставена во целосна функција филтер станицата. Двете печки ќе ги задоволуваат најстрогите еколошки стандарди, односно комбинатот ќе добие интегрирана А- еколошка дозвола за работа.
-
Економија 22.05.2018 16:06
ЕЛЕМ бара да поевтини струјата
Менаџерскиот тим на Електрани на Македонија со барање до Регулаторната комисија цената на електричната енергија по мегачас да поевтини за 0,6 евра. Причина за ваквиот потег е постигнатата поевтина произведна цена од 1,5 проценти.
-
Економија 22.05.2018 15:12
Ангеловска- Бежоска ја презеде функцијата, Богов со отчет за сработеното
Со многу емоции, со голема благодарност до тимот и соработниците, по седум години менаџирање со монетраната власт Димитар Богов замина од Централната банка. Фунцијата ја предаде на Анита Ангеловска Бежоска- новиот гувернер на Народната Банка.
-
Економија 22.05.2018 14:28
Тевдовски: Покачувањето на минималната плата дава резултати
Платите во Македонија растат, просечната во март е зголемена за 5,6 проценти во однос на истиот период лани, изјави првиот финансиер Тевдовски. Во првото тримесечје зголемувањето е 4,9 насто. Тоа е резултат на зголемувањето на минималната плата, појасни Тевдовски.
-
Економија 22.05.2018 13:13
Анита Ангеловска- Бежоска ја презеде функцијата гувернер на НБРМ
Анита Ангеловска- Бежоска ја презеде функцијата гувернер на Народна банка на Република Македонија. Таа е прва жена на оваа позиција. Вети продолжување на монетарната политика на централна банка.
-
Економија 22.05.2018 10:49
Субвенциите во авиосообраќајот во фокус на владината седница
На владница седница програмата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај на домашни и странски превозници за периодот 2018- 2021 година.










