Мелничката индустрија нема да откупува пченица до претстојната жетва доколку заедно со Владата не најдат решение за неповолната состојба со конкуренција со ефтиното баршно од Србија.
-
Економија 18.05.2018 11:51
-
Економија 18.05.2018 11:25
Виенски економски форум во Софија
Во Софија се одржува Виенскиот економски форум на кој ќе учествуваат премиерите на земјите од Западен Балкан и претставници на економски институции, кои ќе разговараат за актуелни економски теми во регионот.
-
Економија 17.05.2018 15:52
Почна исплатата на субвенциите за тутунот
Тутунарите застанаа пред банките да си ги подигнат субвенциите за ланската реколта тутун. Велат, добредојдени се, почнува новото тутунопроизводство, а трошоците се големи.
-
Економија 17.05.2018 15:48
Компаниите да се здружат за пласман на странски пазари
Во Европската унија 25 проценти од фирмите за широка потрошувачка имаат он-лајн продажба, во Македонија само седум проценти работат со е- трговија. Речиси половина од нив ваквиот бизнис го започнале минатата година. Обувки, облека, телефони, таблети.
-
Економија 17.05.2018 12:46
Почна исплатата на субвенциите за тутун
Почна исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта. Зголемување за производството на жолтото злато ќе добијат околу 23 илјади и 400-ни тутунари.
-
Економија 17.05.2018 10:19
Повеќе мерки за органските производители
Се подготвуваат новини за зголемување на органското производство. Министерството за првпат планира да објави јавен повик за доделување на државно земјоделско земјиште за производство на органска добиточна храна.
-
Економија 16.05.2018 17:05
Можности за развој на брзорастечки бизнис за млади
Со позитивна енергија и верба во себа, Стефанија ја започна нејзината бизнис сторија. Млад и успешен претприемач, сопственик на музичко студио. Бизнисот го старувала пред речиси една година со грант од 4.000 евра преку Програмата за самовработување.
-
Економија 16.05.2018 16:31
Прилепскиот мермер и тутун може да се најдат на чешкиот пазар
Прилеп ќе ја унапредува економската, трговската, културната и туристичката соработка со Република Чешка, констатираа денеска прилепските локални власти, стопанствениците од регионалната комора по средбата со чешкиот амбасадор Мирослав Томин.
-
Економија 16.05.2018 15:26
Анита Ангеловска- Бежоска нов предлог за гувернер на НБРМ
Откако актуелниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов се повлече од кандидатурата за уште еден мандат на функцијата, шефот на државата Ѓорге Иванов за нов гувернер ја предложи актуелната вицегувернерка, Анита Ангеловска- Бежоска.
-
Економија 16.05.2018 13:33
Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ
Актуелниот гувернер Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за нов мандат на чело на Народната банка. За тоа веќе го известил претседателот Иванов кој го предложи за нов гувернерски мандат.










