Германската инвестиција „Маркарт“ во зоната Караслари обезбеди посветла иднина за над стотина семејства во Велес. Градоначалникот Чадиев и премиерот Никола Груевски најавија дека уште две други компании се интересирале да инвестираат во зоната.
Вести
-
Македонија 16.11.2015 17:08
-
Свет 16.11.2015 17:06
Серија аспења по терористичките напади во Париз
Во 11 часот утинава уапсено е уште едно лице во муслиманската населбата позната како срцето на верскиот екстремизам, Моленбек во Брисел, со што вкупната бројка на приведени во акцијата на специјалните полициски сили изминативе три дена се зголеми на 8 луѓе.
-
Македонија 16.11.2015 16:59
Надвор од животна опасност се 6-годишното дете и мајката што го фрли
Мајка го фрлила својот 6 -годишен син од четвртиот кат, а потоа таа самата скокнала. 37-годишната жена околу 9 часот излегла на тераса држејќи го детето в раце и заканувајќи се дека е сериозна во намерата. Сопругот и соседите се обиделе да ја премислат, но безуспешно. Мајката го фрлила детето.
-
Македонија 16.11.2015 16:56
Четирите партии се договорија за составот на Анкетната комисија за прислушувањето
Комплетирани предлозите од 4-те најголеми политички партии за составот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Персоналниот состав попладнево треба да го утврди и одлуката да ја достави до Собранието. Првиот обид беше неуспешен.
-
Економија 16.11.2015 16:52
Новиот буџет пред Собранието, предвидени три пати повеќе финансии за капитални проекти
Зголемување на пензиите и социјалната помош, повеќе пари за капитални инвестиции. Буџетот за 2016-та на пленарна седница пред пратениците.
-
Македонија 16.11.2015 16:05
Пругите во Македонија се безбедни
Пругите во Македонија се безбедни и по нив се вози со 120 километри на час, согласно со сите правилници – тврди раководството на МЖ Инфраструктура. Новите возови набавени од Кина без проблеми ќе сообраќаат низ целата земја.
-
Македонија 16.11.2015 15:47
Тероризмот да не му се испречи на човештвото
Светската јавност час поскоро да се избори, тероризмот да не му се испречи на човештвото. Последниот крвав чин на омраза во Париз да биде силен поттик за спречување на омразата меѓу народите. Ова беа пораките од конференцијата посветена на мултикултурализмот.
-
Македонија 16.11.2015 15:38
Водата во Струга забранета за пиење
Стружани повторно не смеат да ја пијат водата од градскиот водовод. Денешните испитувања што редовно ги спроведува Центарот за јавно здравје од Охрид покажаа дека водата не е третирана со хлор што е законска обврска и што е услов за нејзина безбедност.
-
Македонија 16.11.2015 15:34
Иванов во Париз: УНЕСКО ни е потребен повеќе од кога било
Повеќе од кога и да е порано, на светот денес му е потребно УНЕСКО. Трагедијата во Париз не потсети колку и ние во Европа сме ранливи на глобалниот непоредок, рече претседателот Ѓорге Иванов на лидерскиот форум што се одржува по повод 70 години од основањето на организацијата.
-
Економија 16.11.2015 15:20
Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата во септември годинава е за 14,8 отсто поголем во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 0,6 отсто, а










