Вести
-
Економија 16.11.2015 15:11
Ново зголемување на пензиите, социјалата и капиталните инвестиции со Буџетот за 2016
Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница ја почна расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2016 година. -
Македонија 16.11.2015 15:00
Асани: Новите возови ќе сообраќаат по безбедни пруги
Пред само четири години имавме делници каде што возовите одеа побавно и од човекот, но тоа е минато. Новите возови ќе сообраќаат по безбедни пруги, вели директорот на МЖ Инфаструктура.
Според Асани вчерашното соопштение на СДСМ е политичко, а не професионално.
-
Свет 16.11.2015 14:54
Франција: Уапсени 23 лица, 104 се во домашен притвор
Најмалку 23 лица се уапсени во рацијата организирана од страна на француската полиција поради терористичките напади што во петокот ја завија Франција во црно. Според информациите, уште 104 лица се ставени во домашен притвор, а запленето е и огнено оружје, минофрлачи и панцири.
-
Свет 16.11.2015 13:57
Бан Ки-Мун во посета на Северна Кореја
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун неделава ќе ја посети Северна Кореја при што се очекува да оствари средба со лидерот Ким Јонг Ун. Северна Кореја е предмет на тешки санкции на ОН, САД и Европската унија поради нејзината нуклеарна програма.
-
Македонија 16.11.2015 13:52
Оглас за реконструкција на блок А од домот Гоце Делчев
Ќе се реконструира и блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“. Министерството за образование објави оглас за избор на Компанија изведувач на проектот. Рокот за поднесување на понудите од компаниите ќе трае до седми декември, кога ќе се изврши и јавното отворање на сите пристигнати понуди.
-
Економија 16.11.2015 13:34
Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ да поскапат бензините за половина денар, додека цената на дизелот не се менува.
-
Македонија 16.11.2015 13:30
Едногласно донесена одлуката за распишување оглас за нови членови на ДИК
На пленарната собраниска седница утврдена одлуката за распишување јавен оглас за нови членови на Државната изборна комисија.
Според договорот меѓу 4-те најголеми политички партии, ДИК треба да има 9 члена, по тројца од власта и од опозицијата и тројца експерти.
-
Македонија 16.11.2015 13:27
Одложена расправата за Анкетната комисија за прислушувањето
На Комисијата за избори и наименувања, одложена расправата по предлог-одлуката за персоналниот состав на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
-
Свет 16.11.2015 13:19
Хан: Да се разликува миграцијата од тероризмот
Спротивставени ставови на политичарите за бегалската криза и тероризмот.
-
Македонија 16.11.2015 13:15
МАНУ: Заменете ја омразата со толеранција
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и мисијата на ОБСЕ по четврти пат го одбележуваат Меѓународниот ден на толеранцијата.










