Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен по жалбите на основното јавно обвинителство, кои беа поднесени откако судот ги отфрли прислушуваните снимки од опозицијата како неосновани докази. Од Апелација надлежноста ја префрлија на Основниот суд.
Вести
-
Македонија 27.10.2015 17:03
-
Економија 27.10.2015 16:55
Засилени економски релации со Емиратите, арапски бизнисмени подготвени да инвестираат во Македонија
Македонија и Емиратите ги засилуваат економските врски. Ќе соработуваат на инфраструктурни проекти, во образованието, туризмот и во земјоделството.
-
Свет 27.10.2015 16:37
Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан и понатаму расте
Жителите на Авганистан и Пакистан ја минаа ноќта под ведро небо, стравуваат од нови потреси по вчерашниот страотен земјотрес од 7.5 степени по Рихтер.
-
Македонија 27.10.2015 16:16
Метео: Стабилно и суво време, температурите постепено опаѓаат
Продолжува периодот на стабилно и суво време со услови за слаба магла и ниска облачност по одделни котлини во утринските часови и подолги сончеви периоди во текот на денот.
Дневните температури постепено благо ќе опаѓаат, а утринските на места ќе бидат под нулата.
-
Македонија 27.10.2015 16:11
Месечно по 15 предвремено родени бебиња на Детската клиника
Еден килограм - толку тежел Христијан кога дошол на свет. Бил роден во шестиот месец од бременоста, но неговата тежина се намалила на 900-тини грама. По три месечниот престој во инкубатор, за неколку дека ќе ја напушти Детската клиника и ќе биде во прегратките на родителите.
-
Македонија 27.10.2015 16:05
Пелагонија: Се интензивира есенската сеидба
Пелагониските земјоделци конечно дочекаа идеални временски услови. Неколкудневниот сув период и поволната најава на синоптичарите за тековнава недела, полека ги враќаат на есенските сеидбени активности.
-
Економија 27.10.2015 16:03
Помалите царини и процедури продонесоа за два пати поголем извоз
Пониските царини и процедури двојно го зголемија извозот. Од 1,92 милијарди евра во 2006 година извозот порасна на 3,72 милијарди евра во 2014 година. Со спроведените царински реформи се скратија транспортните трошоци и се подобрија условите за работа на превозниците.
-
Економија 27.10.2015 15:55
Бизнисот да остане подалеку од политиката
Бизнис заедницата се обидува да го задржи отимизмот во работењето и да ја минимизира неизвесноста и дополнителниот ризик што го носат актуелните политички случувања во земјава.
-
Економија 27.10.2015 15:43
„Катар Ервејс“ најавува директна авио линија до Скопје и инвестиции во туризмот
Единствената арапска земја која има дипломатски односи со Македонија е заинтересирана за инвестиции во туризмот, трговијата и енергетиката. Кaтарска делегација по втор пат е во земјава, а претседателот на авиокомпанијата „Катар Ервејс“ Али Ал Раис со план во иднина да инвестира во туризмот.
-
Култура 27.10.2015 15:14
Нова дигитална опрема во Кинотеката на Македонија
Кинотеката на Македонија се збогати со два ретки филмски артефакти од дваесетите години на минатиот век. Подарок од Емил Рубен, актерот кој прославува шест децении на филмското платно.










