Затворањето на границите не е решение за мигрантската криза, напротив, тоа би го усложнило проблемот. Вака министерот Попоски одговори на наводните изјави дека и Македонија ќе постави ѕид, како некои европски земји, за да се спаси од бегалците.
Вести
-
Македонија 23.09.2015 16:20
-
Економија 23.09.2015 16:12
Повеќе субвенции за привлекување странски туристи
Повеќе пари за повеќе странски туристи. Државата од идната година планира да ја зголеми сумата за субвенции за носењето гости од Израел, Италија, Шпанија, Франција, Чешка, бидејќи проектот се покажал како успешен.
-
Македонија 23.09.2015 15:53
Екстерното тестирање ќе се подобрува
Корекции во екстерното тестирање со цел добивање поголем квалитет и реално остварување на функцијата. Ова го најави премиерот Никола Груевски на собраниската седница за пратенички прашања.
-
Македонија 23.09.2015 15:48
Македонија и Србија ќе добијат 17 милиони евра од ЕУ за справување со мигрантската криза
Европската комисија договори вкупно милијарда и седумстотини милиони евра, фонд за бегалската криза која ќе се реализира преку Светската програма за снабдување на храна и УНХЦР за Сирија, Турција и за земјите на ЕУ кои ќе прифатат околу 160.000 бегалци.
-
Македонија 23.09.2015 15:27
Брачен пар од Прилеп незаконски наплатиле „консултации“ за околу 90.000 евра
58 годишен прилепчанец наплатувал консултантски услуги на клиентите, а парите ги префрлал на своја сметка или на неговата сопруга. Со дел од нив купил и стан за својата ќерка.
-
Македонија 23.09.2015 15:19
Попоски: Затворањето на границите не е решнение за мигрантската криза
Охрабрувачка е пораката од Европската Унија за усогласеност на 28-те земји членки за распределба на товарат со 120-те илјади бегалци – вели шефот на дипломатијата Попоски.
-
Економија 23.09.2015 15:10
Ставрески: Економијата расте, буџетските приходи над очекувањата
Буџетот е во добра кондиција и има одлични остварувања во првите осум месец од годината. Приходите заклучно со 18 септември 2015 година се над очекувањата со раст од 12,9 проценти во однос на истиот период лани.
-
Економија 23.09.2015 15:10
20 илјади работни места отворија странските инвестиции и „Македонија вработува“
20 илјади работни места се креирани откако странските инвеститори влегоа во земјава и почна се спроведува проектот „Македонија вработува“, тврди министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески.
-
Економија 23.09.2015 15:07
Траспортерите трпат штети, 1.000 камиони заглавени на границата кон Хрватска
12 километарска колона, 1.000 тешки товарни возила се на граничкиот премин Патровци- Бајаково откако Хрватска ги затвори границите поради влезот на мигрантите. И македонски превозници чекаат со денови да ја транзитираат стоката до земји од ЕУ.
-
Свет 23.09.2015 14:18
Дојава за бомба во старата зграда на парламентот во Брисел
Евакуација на старата зграда на парламентот во Брисел поради дојава на бомба.
Зградата е опколена од полицајци, а специјални екипи со помош на кучиња трагачи ја пребаруваат зградата која се користи за приеми и свечености.










