Под мотото „Филмот е убав“ во наредните десет дена во Битола ќе се одржи 36-от Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Актерите Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков се добитници на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност.
Вести
-
Култура 18.09.2015 10:54
-
Свет 18.09.2015 10:44
Конфликтите во светот- приоритет на американската админстриација на Генералното собрание на ОН
Бегалската криза во Европа, борбата против насилниот екстремизам и спречување на регрутирањето на странски борци за Исламската држава, ќе бидат едни од главните теми на Генералното Собрание на Обединетите нации во Њујорк.
-
Македонија 18.09.2015 10:38
Зголемена финансиска поддршка за производителите на домати
Градинарите кои од 26-ти јуни до 15-ти август ги предадоа доматите во домашните преработувачки капацитети или за извоз по цена не повисока од 5 денари ќе добијат субвенција од 6,5 денари за килограм.
Пријавувањето за оваа поддршка е до 30 ноември.
-
Македонија 18.09.2015 10:03
Училиштето „11-ти Октомври“ затворено, се испитува причината за труење на учениците
Во основното училиште „11-ти Октомври“ во Општина Центар денеска нема настава поради труење на ученици.
-
Македонија 18.09.2015 09:28
Хан во Македонија на средби со политичките лидери и на состанок за ХЛАД
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан пристигна во Mакедонија. Ќе учествува на високиот политички дијалог меѓу Европската комисија и македонската Влада.
-
Македонија 18.09.2015 09:04
Собранието ќе гласа за продолжување на рокот за кризна состојба
Собранието денеска на 70-тата седница има единствена точка на дневниот ред - Предлог-одлука да се одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба до 15 јуни 2016 година поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.
-
Култура 17.09.2015 17:05
Канческа- Милевска во посета на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Штип Илчо Захариев, во работна посета на Заводот за заштита на споменици и Музеј во штипско Ново Село.
-
Македонија 17.09.2015 16:57
Подобри услови за спорт и рекреација за децата од домот „11-ти Октомври“
Децата без родителска грижа од Домот „11-ти Октомври“ наскоро ќе добијат подобри услови за рекреација и спорт. Почна изградбата на спортска сала со најсовремена опрема. Ќе се реши долгогодишениот проблем со кој се соочуваа овие деца.
-
Македонија 17.09.2015 16:47
Срѓан Керим номиниран за Генерален секретар на ООН
Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи и претседавач на 62-то Собрание на Обединетите нации, македонската влада го номинира за функцијата - Генерален секретар на организацијата.
-
Економија 17.09.2015 16:41
Преку дијалог до унапредување на бизнис климата
Македонското стопанство е жилаво. Успеа да оствари добри резултати и покрај неповолните политички услови- оцени вицепремиерот Ставрески. На бизнис заедницата и порача- вратите се отворени за сите идеи и барања, преку редовен дијалог до унапредување на бизнис климата.










